Менаџер за партнерска мрежа

Доколку сте заинтересирани за овој оглас испратете ја Вашата биографија на

Иуте Македонија е дел од естонската дигитална банкарска групација Иуте, која го менува начинот на кој луѓето управуваат со своите финансии низ Југоисточна Европа.

Во Иуте веруваме дека иднината на финансиите не е само во технологијата, туку во начинот како технологијата може да го направи искуството поедноставно, побрзо и порелевантно, на одговорен начин.

Нашиот тим расте и бараме енергична личност која ќе се препознае во приказната и заедно со тимот ќе ја движи следната развојна фаза.

Менаџер за партнерска мрежа

 

Твојата мисија

Нашата цел е градење силна партнерска мрежа заснована на доверба и заеднички раст. Токму затоа фокусот не е само на ширење на мрежата, туку и на развој на постоечките партнерства и нудење на нови финансиски решенија кои носат вистинска вредност за партнерите и нивните клиенти.

 

Твојата улога

Да бидеш човекот што ги поврзува партнерите, клиентите и технологијата

Да бидеш на терен. Да ги запознаеш партнерите и дилерите. Да препознаеш можност. И да изградиш соработка што расте со секоја средба.

Ако теренската работа те мотивира, лесно градиш релации, а дигиталниот свет ти е природна средина – можеби токму тебе те бараме.

Што ќе движиш?

  • Ќе ја водиш и редизајнираш продажбата на партнерските продукти низ сите канали и ќе ги управуваш од почеток до крај. Ќе креираш понуди што носат вистинска вредност за партнерите и за клиентите.
  • Ќе градиш и развиваш силна партнерска мрежа, од идентификација на нови можности и активација до долгорочен раст. Ќе одржуваш блиски релации со партнерите и нивните клучни претставници.
  • Ќе управуваш со партнерските продажни канали и API интеграции и ќе дефинираш како финансиските продукти се вклопуваат во дигиталниот свет преку паметни, скалабилни решенија.
  • Ќе обезбедиш беспрекорно дигитално искуство преку MyIute и одлично клиентско искуство при секој контакт со партнерите.
  • Ќе ги следиш перформансите на партнерите, договорите на сервисно ниво и конкуренцијата, преку анализи базирани на податоци. Ќе соработуваш со внатрешните тимови и ќе креираш маркетинг активности прилагодени на секој партнер. Ќе ги исполнуваш поставените таргети и KPI-и.

 

Кого бараме?

✔ Универзитетско образование – предност имаат економските науки

✔ Искуство во финансиска институција е предност

✔ Одлични комуникациски, продажни и преговарачки вештини

✔ Способност да градиш долгорочни партнерски односи и да ги препознаеш можностите за заеднички раст

✔ Проактивност, организираност и ориентираност кон резултати

✔ Одговорност, истрајност и желба постојано да учиш и да се развиваш

✔ Искуство во теренска продажба, B2B продажба или работа со дилери и партнери ќе се смета за предност

✔ Одлично познавање на македонски и англиски јазик

✔ Возачка дозвола Б категорија и подготвеност за теренска работа и патување

Што добиваш?

Не само работа, туку и простор за кариерен напредок, постојано учење и надградба и личен раст во чекор со компанија што расте.

  • Работа во една од најбрзо растечките дигитални банкарски групации во регионот
  • Меѓународна работна средина и соработка со тимови од различни пазари
  • Простор за идеи, иницијативи и реално влијание
  • Континуирано учење, развој и можности за професионален раст
  • Подароци за родендени, годишнини и важни животни моменти
  • Тимбилдинзи во земјата и странство
  • Спортски активности
  • Дополнителни здравствени прегледи

Подготвен/а си да ги движиш финансиските искуства напред?

📅 Аплицирај до: 31 октомври 2026

📧 Испрати CV на:

✉️ Назнака: Менаџер за партнерска мрежа

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани. Сите апликации ќе се третираат доверливо.

 

 

Испратете го вашето CV

"(задолжително)" indicates required fields

This field is for validation purposes and should be left unchanged.
Прикачете CV (задолжително)