Назад кон новости

Објавени резултатите од работењето во првиот квартал: Растот на групацијата Иуте поттикнат од дигитализација и оперативна ефикасност

Новости
квартални резултати

Iute Group, дигитална банкарска групација која работи во Југоисточна Европа, во првиот квартал од 2026 година ги зголеми вкупните приходи за 13% на годишно ниво, достигнувајќи 32,5 милиони евра и нето добивка од 2,6 милиони евра.

Учеството на новите бизнис линии на Iute Group продолжи да расте и во текот на овој квартал. Приходите од посредување во осигурување пораснаа за 71.4% на годишно ниво и учествуваа со 5,6% во вкупните приходи на групацијата.

„Првиот квартал од годината беше уште еден стратешки значаен квартал за групацијата. Успешно продолживме да ја балансираме профитабилноста со инвестиции во технологија, автоматизација и географска експанзија, истовремено дополнително зајакнувајќи ги клучните двигатели на долгорочниот раст на Иуте. Растот на приходите, подобрувањето на квалитетот на кредитното портфолио и зголемената оперативна ефикасност јасно потврдуваат дека нашата стратегија носи мерливи и одржливи резултати. Во исто време, продолживме да ги поставуваме темелите за скалабилни дигитални банкарски услуги и понатамошен развој на еко-системот на MyIute SuperApp на сите наши пазари,“ изјави Тармо Силд, Извршен директор на Iute Group.

„Во првиот квартал од 2026 година, Иуте Македонија продолжи со динамичен раст од 60% на високо квалитетно кредитно портфолио, додека вкупната билансна актива порасна за 51.6% на годишно ниво, проследено со стабилна профитабилност од 1,4 милиони евра и дополнително подобрување на оперативната ефикасност. На споредлива основа, односно исклучувајќи го еднократниот приход од повратот на данокот за солидарност првиот квартал минатата година, вкупните приходи пораснаа за 36% на годишно ниво што ја одразува силната оперативна динамика и растот. Ова е поддржано од дигитална активација на клиентите и континуирано проширување на MyIute еко-системот со паметни и достапни услуги кои ги поврзуваат секојдневните финансиски и животни потреби на клиентите во едно интегрирано дигитално искуство. Услугите како „Второ медицинско мислење“ се пример за нашата стратегија за развој на финтек екосистем кој оди надвор од традиционалните финансиски услуги, комбинирајќи финансии, технологија и услуги со додадена вредност во едноставна, брза и кориснички ориентирана дигитална платформа,“ изјави Нина Мојсова Ќосева, Финансиски директор на Иуте Македонија.

Нина Мојсова

Мобилната апликација Myiyte до овој момент има над 1,75 милиони преземања, дополнително зацврстувајќи ја позицијата на Иуте како дигитална банка базирана на супер-апликација за секојдневните финансиски потреби и сè повеќе клиенти користат различни услуги во рамки на еден еко-систем, како силна основа за долгорочен и одржлив раст.

Групацијата продолжи и со забрзување на процесите на дигитализација и автоматизација. Во текот на кварталот, компанијата ги имплементираше првите AI продажни асистенти во Албанија за поддршка на понудите за кредити и осигурување. Денес, 70% од пост-продажните понуди се генерираат автоматски без човечка интервенција, додека уделот на целосно автоматизирани кредити достигна 35.9%.

Заклучно со крајот на март 2026 година, Иуте имаше 247,383 активни клиенти. Повеќе од 101 илјада клиенти користеле платежни услуги, додека речиси 58,5 илјади клиенти имале најмалку една активна полиса за осигурување.

Во текот на првиот квартал, Националната банка на Украина даде официјална дозвола за започнување со работа на IuteBank. Компанијата се подготвува за лансирање на целосно дигитална банка за физички лица во Украина во првиот квартал од 2027 година.

Целиот сумиран извештај и преглед е достапен  тука.

Последни вести Сите новости

Иуте Пеј започнува со работа – iute сметка отсега достапна во апликацијата Myiute

Иуте Пеј, дел од дигиталната банкарска групација Иуте Естонија со дозвола од Народната банка на РСМ за издавање електронски пари и давање платежни услуги, официјално започна со работа. Првата услуга што им е достапна на клиентите е iute сметка – лична платежна сметка која се отвора целосно дигитално преку апликацијата MyIute, за помалку од еднапрочитај повеќе
Новости
iutepay

Подготовката за зимата започнува пред првиот снег. Што треба да проверат возачите?

Навремената проверка на гумите, исправноста на автомобилот и соодветната зимска опрема се важни за побезбедно возење во студените месеци. Со добро планирање, возачите можат навреме да ги организираат потребните проверки и да ги оптимизираат сезонските трошоци. Пониските температури, дождот, утринскиот мраз и можноста за снег носат поинакви услови на патиштата. Затоа, подготовката на автомобилот непрочитај повеќе
Блог
авто гуми и возило

Летното тело се гради на есен: План за вежбање дома | iuteMarket

Летната форма не се создава преку ноќ, ниту само неколку недели пред летниот одмор. Таа се гради постепено, во текот на есента и зимата, кога деновите стануваат пократки, времето е постудено, а мотивацијата за тренинг често опаѓа.  Ако започнете со едноставна рутина за вежбање дома уште сега, до следното лето ќе имате месеци континуирана активностпрочитај повеќе
Блог
iuteMarket traka za vezbanje