Viber

Обновена технологија на мобилни телефони и лаптопи

Two women taking a selfie with a red smart phone
Купи обновени уреди
Разгледај ја понудата
2.8 million
уреди добија нов живот преку поправка, повторна употреба и препродажба
235k
тони емисии на CO₂ се спречени
52%
од Европејците би избрале refurbished (обновен) паметен телефон
27 million
refurbished (обновен) паметни телефони продадени во Европа во текот на 2024 година

Попаметен избор. Иста технологија. Обновена до совршенство.

Купете ги уредите што ги посакувате, без да плаќате цени како за нови производи од продажните салони.

Професионално обновени од Foxway, една од водечките европски компании за циркуларна технологија, сите уреди поминуваат низ детално тестирање, оценување и подготовка пред да стигнат до својот следен сопственик.

Добијте врвен квалитет, сигурност и одлична вредност за вашите пари.

 

Направете попаметен избор со refurbished (обновени) уреди.

Достапни сега во iuteMarket преку Myiute апликацијата.

Прочитај повеќе за Foxway

 

Разгледај ја понудата

 

Девојка користи мобилен телефон и слуша музика

Што е refurbished технологија и зошто нејзината популарност постојано
расте?

Refurbished се професионално обновени уреди кои нудат сигурни перформанси по поприфатлива цена. Тие се паметен и поодржлив избор за купување телефон, гејминг конзола или друг технолошки уред.

 

Во iute, refurbished уредите се достапни во партнерство со Foxway, една од водечките европски компании за циркуларна технологија. Со повеќе од 12 години искуство, Foxway ги обновува и тестира уредите според високи стандарди за квалитет, сигурност и перформанси.

 

Види ја понудата за обновена технологија

Зошто сè повеќе луѓе избираат обновени уреди?

✔ Заштедете пари на премиум уреди
✔ Добијте професионално тестирана технологија на која можете да ѝ верувате
✔ Намалете го електронскиот отпад со продолжување на животниот век на уредите
✔ Уживајте во премиум брендови без премиум цени

Зошто да купувате преку iuteMarket?

 

✔ Премиум уреди од доверливи брендови
✔ Професионално обновени и проверени за квалитет од Foxway
✔ Флексибилно финансирање со опции за финансирање од iute
✔ Практично купување директно преку Myiute апликацијата

Водич за категоризација на уредите

За полесно да го пронајдете уредот што најдобро одговара на
вашите потреби и буџет, refurbished (обновените) производите се
поделени во неколку категории според нивната состојба.

Во продолжение погледнете што значи секоја категорија и изберете го
уредот што најдобро одговара на вашите очекувања.
here.


Купи обновени уреди

iuteMarket систем на категоризација

Визуелна категорија
Функционална состојба
Што значи

Како нов
✓  Исправен
Некористен уред во состојба како нов. Целосно функционален.

Замена
✓  Исправен
Уред добиен како замена од производителот, во состојба речиси како нов, без видливи траги од користење. Целосно функционален.

A+
✓  Исправен
Практично беспрекорен изглед, без видливи гребнатини или вдлабнатини при нормално користење. Целосно функционален.

A
✓  Исправен
Минимални знаци на користење со многу мали козметички траги. Целосно функционален.

B
✓  Исправен
Видливи знаци на вообичаено користење, како лесни гребнатини или помали траги. Целосно функционален.

C+
✓  Исправен
Позабележителни козметички оштетувања, вклучувајќи повеќе гребнатини или помали вдлабнатини. Целосно функционален.

C
✓  Исправен
Јасни знаци на претходна употреба, вклучувајќи видливи гребнатини, вдлабнатини или други траги. Целосно функционален.

A+, A, B, C+ или C
Мала неисправност
Уредот е целосно функционален, но има еден наведен помал недостаток, како на пример мала пукнатина, козметички дефект или намален капацитет на батеријата, каде што е применливо. Визуелната категорија го опишува изгледот на уредот одделно.

Зошто да изберете refurbished (обновен) уред?

Заштедете повеќе

 

Со refurbished уредите можете значително да заштедите во споредба со купување нова електроника. Така, премиум брендови и понови модели стануваат подостапни, без компромис во сигурноста и перформансите.

 

Купувајте со доверба

 

Преку процесот на обнова на Foxway, достапен во Myiute, секој уред е професионално прегледан, тестиран и обновен пред да стигне до својот нов сопственик. Тоа гарантира конзистентен квалитет, сигурност и поголема безгрижност при купувањето.

 

Направете одржлив избор

 

Со продолжување на животниот век на електронските уреди се намалува создавањето електронски отпад, се зачувуваат вредни природни ресурси и се намалува влијанието врз животната средина. Така, квалитетната технологија останува во употреба подолго.

 

Управувајте со сè преку Myiute

 

Myiute ви нуди безбеден и практичен начин за купување и надградба на вашите уреди од едно место. Разгледувајте производи, завршете го купувањето и управувајте со сè едноставно и удобно преку една апликација.

 

ЧПП

Што е refurbished (обновена) технологија?

Refurbished (обновена) технологија се однесува на електронски уреди кои најчесто биле претходно користени, а потоа професионално прегледани, тестирани, исчистени и доколку било потребно, поправени пред повторно да бидат понудени на продажба.

За разлика од купувањето користен уред од приватен продавач, refurbished уредите поминуваат низ сеопфатен процес на контрола и проверка на квалитетот, со цел да се обезбедат сигурни и доверливи перформанси.

Дали refurbished мобилен телефон е исто што и користен мобилен?

Не. Иако и двата типа уреди можеби биле претходно користени, постои важна разлика.

Користениот телефон најчесто се продава директно од претходниот сопственик, без професионална проверка, тестирање или гаранција за неговата состојба и функционалност.

Од друга страна, refurbished телефонот поминува низ професионален процес на проверка, тестирање, чистење и, доколку е потребно, поправка пред повторно да биде понуден на продажба. На тој начин се обезбедуваат сигурни перформанси и проверен квалитет.

Со други зборови, секој refurbished телефон е претходно користен, но не секој користен телефон е refurbished.

Дали refurbished (обновените) мобилни телефони се сигурни?

Да. Кога се обновени од доверлив и сертифициран партнер, refurbished телефоните можат да бидат исто толку сигурни за секојдневна употреба како и новите уреди.

Пред повторно да бидат понудени на продажба, тие поминуваат низ професионален процес на проверка, тестирање и контрола на квалитетот. Се проверуваат клучните компоненти како батеријата, екранот, камерата, поврзувањето и останатите функции за да се обезбеди нивна исправност и сигурни перформанси.

Затоа, при купување refurbished телефон од доверлив продавач, добивате проверен и функционален уред по поповолна цена, без компромис во квалитетот.

Зошто refurbished (обновените) уреди се подостапни?

Затоа што претходно биле користени или вратени, а потоа професионално проверени, тестирани и обновени за повторна продажба.

Иако можат да покажуваат одредени траги од користење, нивните перформанси и функционалност се внимателно проверени пред повторно да бидат понудени на пазарот. Бидејќи не се продаваат како нови производи, нивната цена е значително пониска. Тоа им овозможува на купувачите да добијат квалитетни уреди од познати брендови и премиум модели по поповолна цена, без компромис во сигурноста и функционалноста.

Што значи системот на категоризација?

Iute и Foxway користат систем на категоризација кој им помага на купувачите полесно да изберат refurbished уред според своите потреби и очекувања. На тој начин се обезбедува транспарентен и доверлив стандард, што го олеснува изборот од понудата на достапни уреди.

 

Зошто да купам refurbished наместо нов телефон?

Доколку сакате да добиете повеќе за вашите пари, refurbished технологијата ви овозможува пристап до премиум уреди по значително поповолна цена. Многу водечки модели на паметни телефони остануваат брзи, сигурни и функционални со години, што ги прави refurbished уредите паметна алтернатива на купувањето сосема нов телефон.

Колку можам да заштедам со купување refurbished (обновен) уред?

Со refurbished (обновен) уред можете да заштедите и до 70% во споредба со цената за нов уред. Притоа, добивате можност за финансирање преку iute, како и гаранција за дополнителна сигурност и безгрижност при користењето.

Како изгледа процесот на обновување на Foxway?

Секој уред достапен во iuteMarket е професионално обновен од Foxway, една од водечките европски компании за циркуларна технологија.

Пред уредот да стигне до вас, тој поминува низ сеопфатен процес на обнова кој вклучува:

✔ Безбедно бришење на податоци

✔ Тестирање на функционалноста

✔ Проверка на батеријата и хардверот

✔ Тестирање на камерата, дисплејот и поврзувањето

✔ Професионално чистење

✔ Проверка на козметичката состојба

✔ Финална контрола на квалитет

Во продажба се нудат само уреди што ги исполнуваат строгите стандарди за квалитет на Foxway.