Viber

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРИВАТНОСТ ПРИ ВРАБОТУВАЊЕ

I. ЦЕЛ НА ОВА ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРИВАТНОСТ ПРИ ВРАБОТУВАЊЕ

I.1. Ова Известување за приватност при вработување („Известување за приватност“) објаснува како Финансиско друштво Иуте Кредит Македонија ДООЕЛ Скопје („Иуте“, „ние“, „нас“) управува со процесот на регрутирање и селекција на кандидати преку нашата веб-страница за кариера, преку е-пошта, агенции за вработување или други канали за регрутирање, и како ги обработува личните податоци на кандидатите кои аплицираат за работна позиција или кои ние ги контактираме („вие“) во врска со нашите процеси за вработување.

I.2. Ве молиме, внимателно прочитајте го ова Известување за приватност пред да ги доставите вашите лични податоци. Со доставувањето на вашите лични податоци потврдувате дека сте ги прочитале и разбрале условите наведени во ова Известување за приватност во врска со користењето на вашите информации. Оваа потврда не претставува согласност за обработка, туку само потврдува дека сте биле информирани.

II. КОИ СМЕ НИЕ

II.1. За целите на Законот за заштита на личните податоци („ЗЗЛП“), контролор на личните податоци е Финансиско друштво Иуте Кредит Македонија ДООЕЛ Скопје, друштво регистрирано во Република Северна Македонија, со седиште на ул. Столтенбергова бр. 4, Ламела А/ДП 1, 1000 Скопје, ЕМБС 7221290. Доколку имате коментари или прашања во врска со ова Известување за приватност или за обработката на вашите лични податоци, ве молиме контактирајте нè на [email protected].

II.2. Нашиот офицер за заштита на личните податоци може да го контактирате на [email protected].

III. ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ШТО ГИ СОБИРАМЕ

III.1. Можеме да ги собираме и обработуваме следниве категории лични податоци, во зависност од вашата интеракција со нас во врска со процесот на вработување или во текот на него:

Цел на обработката Видови податоци Правен основ за обработка
Администрирање на апликации и комуникација со кандидати CV, мотивациско писмо, примероци од работа, податоци за контакт, очекувања за плата, податоци од интервјуа и проценки, содржина на комуникацијата, историја на аплицирање Преземање активности пред склучување договор (член 10 став 1 алинеја 2 од ЗЗЛП) – за да ја процениме вашата соодветност и да управуваме со процесот на вработување.
Анализа и видео интервјуа базирани на вештачка интелигенција (ВИ) Содржина од CV, видео или аудио снимки, резимеа или оценки генерирани од ВИ Изречна согласност (член 10 став 1 алинеја 1 од ЗЗЛП) – оваа обработка е опционална и се спроведува само доколку дадете изречна согласност, која можете да ја повлечете во секое време.
Пронаоѓање и контактирање потенцијални кандидати (sourcing) Јавно достапни професионални профили (на пр. LinkedIn), препораки, комуникација, биографии добиени преку трети страни Легитимен интерес (член 10 став 1 алинеја 6 од ЗЗЛП) – за да идентификуваме, оцениме и одржуваме контакт со потенцијални кандидати
Функционирање и аналитика на веб-страницата за кариера IP адреса, тип на прелистувач, информации за уредот, однесување во текот на сесијата, технички записи (логови), колачиња Легитимен интерес (за неопходните колачиња) и согласност (за аналитичките, маркетиншките и другите колачиња). За повеќе детали, погледнете ја нашата Политика за колачиња.
Анкети и повратни информации од корисници Податоци за контакт, содржина на комуникацијата Легитимен интерес – за да собереме увид и да го подобриме процесот на вработување
Проверка на препораки Податоци за контакт на лицата за препорака, повратни информации од нив Изречна согласност – ќе ги контактираме лицата што сте ги навеле за препорака само со ваша претходна согласност.
Преддоговорна и договорна документација Податоци за идентификација (име, презиме, ЕМБГ), историја на вработување, податоци за образованието, потпишани понуди, биографии. Неопходно за склучување или извршување договор за вработување (член 10 став 1 алинеја 2 од ЗЗЛП).
Исполнување законски обврски и заштита на права Сите податоци што се релевантни во контекст на правен спор или законска обврска. Исполнување законска обврска (член 10 став 1 алинеја 3 од ЗЗЛП) и легитимен интерес за утврдување, остварување или одбрана на правни барања.

III.2. Важна напомена: Ние не собираме и не обработуваме посебни категории лични податоци (како што се податоци за етничкото потекло, политичките ставови или здравствената состојба), освен ако тоа не е задолжително со закон. Исто така, согласно член 25 од Законот за работните односи, не бараме информации за семејниот или брачниот статус, планирањето семејство или бременост.

IV. ИЗВОРИ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

IV.1. Повеќето информации што ги обработуваме ги добиваме директно од вас – кога аплицирате за позиција, комуницирате со нас или учествувате во интервјуа или проценки.

IV.2. Кога ја посетувате нашата веб-страница, можеме да собираме технички и статистички податоци. За повеќе детали, погледнете ја нашата Политика за колачиња.

IV.3. Можеме да собираме професионални информации од јавно достапни извори, како што се LinkedIn, професионални мрежи или веб-страницата на вашиот моментален работодавач.

IV.4. Можеме да ги добиеме вашите податоци преку:

  • препораки од вработени во Иуте или надворешни соработници;
  • агенции за вработување, кои дејствуваат како независни контролори пред да ни ја достават вашата апликација;
  • лица за препорака што сте ги навеле, со ваша согласност.

IV.5. Во текот на процесот на вработување создаваме дополнителни податоци, како што се белешки од интервјуа, резултати од проценки и евиденција за комуникацијата меѓу вас и нашиот тим.

V. СПОДЕЛУВАЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

V.1. Можеме да ги споделиме вашите лични податоци со доверливи трети страни (обработувачи) кога тоа е неопходно за поддршка на нашето работење. Тука спаѓаат:

  • даватели на информатички услуги, хостинг, платформи за регрутирање и комуникациски алатки што го поддржуваат процесот на вработување;
  • други друштва во рамките на Iute Group AS кои може да бидат вклучени во процесот на селекција, под услов да се применуваат соодветни заштитни мерки;
  • правни или регулаторни тела, кога тоа се бара со закон.

V.2. Сите даватели на услуги кои се трети страни се договорно обврзани со договори за обработка на податоци и се должни да ги почитуваат важечките прописи за заштита на личните податоци.

V.3. Ние не ги продаваме, не ги изнајмуваме и на друг начин комерцијално не ги споделуваме вашите лични податоци со трети страни.

VI. МЕЃУНАРОДНИ ПРЕНОСИ НА ПОДАТОЦИ

VI.1. Како општо правило, вашите лични податоци се обработуваат во Република Северна Македонија. Сепак, тие може да бидат пренесени во земји-членки на Европската Унија (ЕУ) и Европскиот економски простор (ЕЕП), како што е седиштето на Iute Group AS во Естонија, за што се применува поедноставен режим на пренос.

VI.2. Доколку користиме даватели на услуги лоцирани надвор од ЕУ/ЕЕП (трети земји), преносот се врши исклучиво со примена на соодветни заштитни мерки.

VI.3. Применуваме и соодветни технички и организациски мерки за заштита на вашите податоци за време на преносот и по него, во зависност од тоа што е ефикасно и технички изводливо.

VI.4. Доколку сакате повеќе информации за овие преноси или за заштитните мерки, ве молиме контактирајте нè преку податоците наведени во ова Известување.

VII. ЧУВАЊЕ НА ПОДАТОЦИТЕ

VII.1. Личните податоци ги чуваме само онолку долго колку што е потребно за целите опишани погоре и во согласност со важечките закони и начелото на ограничување на рокот на чување. Се применуваат следниве рокови на чување:

  • Апликации за работа (кандидати кои не се избрани): податоците се чуваат 6 (шест) месеци по завршувањето на процесот на селекција, заради одбрана од евентуални правни барања (на пр. за дискриминација).
  • База на податоци за идни вработувања: доколку сакаме да ја зачуваме вашата апликација за идни можности за вработување, ќе побараме ваша изречна согласност за чување на податоците во период до 2 (две) години.
  • Податоци за избрани кандидати: податоците на кандидатите кои ќе склучат договор за вработување стануваат дел од нивното работно досие и се чуваат согласно прописите за работните односи и архивското работење.

VII.2. Податоците може да ги чуваме подолго кога тоа е пропишано со закон или е потребно за решавање спорови или за спроведување договори.

VII.3. Доколку не е наведен посебен рок на чување, соодветниот рок го определуваме врз основа на природата на податоците и целта за која се собрани.

VIII. ВАШИТЕ ПРАВА КАКО СУБЈЕКТ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

VIII.1. Во согласност со ЗЗЛП, ги имате следниве права во однос на вашите лични податоци:

  • Право на пристап – да знаете кои ваши лични податоци ги чуваме и да добиете копија од нив.
  • Право на исправка – да побарате исправка на неточни или дополнување на нецелосни податоци.
  • Право на бришење („право да се биде заборавен“) – да побарате бришење на вашите податоци под одредени услови.
  • Право на ограничување на обработката – да побарате привремен прекин на обработката под одредени околности.
  • Право на преносливост на податоците – да ги добиете вашите податоци во структуриран, вообичаено користен формат.
  • Право на приговор – да приговорите на обработката заснована на легитимен интерес.
  • Право на повлекување на согласноста – во секое време, без тоа да влијае врз законитоста на обработката извршена пред повлекувањето.
  • Право да не бидете предмет на одлука заснована исклучиво на автоматска обработка, вклучувајќи профилирање, која произведува правни последици за вас или на сличен начин значително влијае врз вас.
  • Право на поднесување приговор – до нас или до надзорен орган (видете подолу).

VIII.2. На вашето барање ќе одговориме во рок од еден месец, во согласност со ЗЗЛП. За остварување на правата не се наплаќа надоместок, освен ако барањата се очигледно неосновани или прекумерни.

VIII.3. За да ги остварите вашите права, можете да нè контактирате на .

IX. ПОДНЕСУВАЊЕ ПРИГОВОР

IX.1. Доколку сметате дека вашите права се повредени, можете да нè контактирате на или да поднесете барање до надлежниот орган за заштита на личните податоци во Република Северна Македонија, Агенцијата за заштита на личните податоци:

  • Е-пошта:
  • Веб-страница: www.azlp.mk

X. ИЗМЕНИ НА ОВА ИЗВЕСТУВАЊЕ

X.1. Го задржуваме правото да го ажурираме ова Известување за приватност. Сите измени ќе бидат достапни на нашата веб-страница, а за значајните измени ќе бидете известени на соодветен начин, како што се бара со закон.

Последна измена: 19.11.2026