Општи услови
Услови и правила на програмата за лојалност iutePlus
Име на програмата: Програма за лојалност iutePlus
Датум на почеток: 21 октомври 2025
Добредојдовте во Програмата за лојалност на iute!
Ни претставува задоволство да ви ја претставиме нашата Програма за лојалност, дизајнирана да ве награди вас – нашите ценети клиенти – за вашата континуирана доверба и соработка. Оваа програма е заедничка иницијатива на независни правни лица кои работат под ист трговски знак „iute“. Секое правно лице нуди производи и услуги согласно со својата дозвола за работа, а придобивките и условите на програмата може да се разликуваат во зависност од производите и услугите кои се користат.
Во продолжение се деталите што објаснуваат како функционира нашата програма, за да можете целосно да ги искористите придобивките што сме ги подготвиле за вас.
Подобност:
• Учеството во Програмата е автоматско за сите корисници на iute кои извршуваат активности што носат Плус Поени.
Како се заработуваат Плус Поени и колку?
Можете да заработите Плус Поени преку квалификувачки активности, како што се:
Кредити:
• Заработете до 28.300 Плус Поени по склучен поединечен договор за кредит и навремена отплата на кредит.
• Некои кредити можеби ќе се квалификуваат за награди, додека други не. Клиентите ќе бидат информирани при аплицирање дали конкретниот кредит се квалификува за програма за лојалност.
• Плус поените за склучен поединечен договор за кредит се распределуваат подеднакво по сите рати и се доделуваат при секоја навремена отплата.
• Кредити кои се предвремено отплатени не добиваат поени за предвремено отплатените месечни рати.
Награди за дополнителни кредити:
• Поените ќе бидат доделени откако ќе помине период од 14 дена. Доколку клиентот го искористи правото на откажување од договорот за кредит во овој период, поени нема да се доделат.
Привремени кампањи:
• iute повремено може да понуди дополнителни награди за специфични производи или услуги.
• Деталите и условите ќе бидат споделени со клиентите преку достапните канали на комуникација на iute.
Дистрибуција на поени:
Активност на клиент |
Доделени поени |
Пари вредност (МКД) |
Напомена/ Пример |
|---|---|---|---|
Навремена отплата на рата* |
1 поен |
1 МКД |
Секоја навремено отплатена рата носи 30 поени |
Важни напомени:
• Плус Поени се кредитираат откако ќе завршите квалификувачка активност.
• Поените не се преносливи и не може да се комбинираат со други понуди.
• Следете ги известувањата за кампањи за да ги максимизирате вашите награди.
Истекување на Плус Поени:
• Поените истекуваат доколку не се искористат во рок од 12 месеци од денот кога се заработени.
• iute го задржува правото да ги менува условите за истекување, со навремено известување.
• Доколку клиентот има доспеани неплатени обврски, нема да добие поени за тие отплати, но претходно заработените поени остануваат достапни. Откако ќе се продолжи со навремена отплата, поените повторно ќе се доделуваат.
• Ако договорот е еднострано раскинат заради ненавремена отплата, нема да се доделуваат поени за идни активности, но веќе доделените поени остануваат.
• Истекувањето на поените не е поврзано со рокот на важност на наградите добиени преку Плус Поените.
Искористување на Плус Поените:
• Плус Поените може да се искористат како попусти при купување производи или услуги во Партнерските продавници. Секој Плус Поен вреди 1 МКД.
• Плус Поените може да се заменат за вредности определени од Партнерските продавници, и се активираат преку програмата за лојалност. Iute не ги издава, туку овозможува нивна активација.
• Еднаш активираните Плус Поени не може да се претворат повторно во Плус Поени
-
Рокот на важност на активираните Плус Поени зависи од Партнерската продавница и започнува да тече од денот на нивното активирање.
• Начинот на искористување на Плус Поените може да се менува од страна на iute, со претходно известување.
• Плус Поените не може да се заменат за пари.
• Плус Поените не може да се пренесат на друг клиент на iute или на друго трето лице.
Tабела со партнери кај кои можат да се заменат поените:
Назив |
Адреса |
ЕДБ |
Веб страна |
Супер Март ДООЕЛ |
Милан Марковиќ бр. 21б |
4080023617607 |
https://supermart.mk/ |