Општи услови на наградната програма – препорачај и добиј
1. Основни карактеристики на кампањата
Кампањата овозможува:
· постоечки клиент (Препорачател) на Иуте Кредит Македонија (Кредиторот) да ги препорача производите и услугите на Кредиторот на Пријател и
· Пријател на Препорачателот да стане нов корисник на кредитните производи на Иуте Кредит Македонија и кој го потпишал својот прв Договор за кредит со Кредиторот преку единствен линк добиен од Препорачателот
со што Препорачателот се стекнува со “Подарок” исполнувајќи ги општите услови наведени во продолжение.
2. Времетраење на Кампањата
Кампањата е со времетраење од 01.06.2025 до 31.12.2025 година
3. Квалификувани учесници за подарокот
Препорачателот се смета за квалификуван за подарокот кога ќе ги исполни кумулативно сите услови наведени во продолжение:
– Препорачателот ќе испрати уникатен линк до Пријател
– Пријателот да го искористи линкот за да поднесе барање за кредит
– Барањето за кредит да биде одобрено, во согласност со важечките прописи и интерните акти на Кредиторот
– Склучен е Договор за кредит пред денот на истек на Кампањата од точка 2 од овие Општи услови
– Потпишаниот Договор за кредит не е откажан или повлечен од ниедна причина од страна на Пријателот или Кредиторот во рок од 14 дена од денот на неговото потпишување.
4. Добивање на подарок, Испорака и користење на подарокот
· Секој квалификуван Препорачател добива вредносен ваучер од Supermart.mk во износ од 2.000 денари за секој негов Пријател кој потпишал Договор согласно условите од точка 3 од овие Општи услови.
· Ваучерот може да се искористи најдоцна до 15.02.2026 година.
· Вредносниот ваучер се праќа на регистрираната емаил адреса на Препорачателот во рок од 15 дена по потпишувањето на Договорот за кредит од страна на препорачаниот корисник. · Вредносниот ваучер може да се користи за купување на производи од SuperMart Macedonia. Детални инструкции како може да се купуват производи од страницата со добиениот Вредносен ваучер може да најдете во нивните Општи услови. Кредиторот не презема никаква одговорност за квалитетот, состојбата и функционалноста на производите набавени со ваучерот.
· Периодот на користење на ваучерот е 30 дена од негово примање на регистрираната емаил адреса на Препорачателот. Секој ваучер по истек на овие 30 дена ќе се смета за истечен. Ваучерите неможе да бидат заменети со парични средства во ниеден случај. Како појаснување, доколку се случи поврат или рефундација на купениот производ со ваучерот, ваучерот се поништува, не следува замена за нов ваучер ниту пак парични средства во противвредност.
5. Преодни и завршни одредби
· Измами и злоупотреба: Доколку постојат обвинувања за појава на измами или злоупотреби на оваа кампања, Кредиторот го задржува правото да преземе соодветни мерки и може да го откаже користењето на подарокот во секое време.
· Измени или откажување: Кредиторот има право да ја модификува, откаже или прекине кампањата врз основа на одлука без претходно известување или објаснување.
· Одговорност: Кредиторот не е одговорен за било каква директна или индиректна штета или загуба настаната на производите или услугите кои Препорачателот ќе ги купи со вредносниот ваучер.
· Јазик на користење: Овие услови се објавени на Mакедонски јазик. Преводите се понудени само како погодност. Македонската верзија на овој документ ќе се користи за сите правни цели.
· Применливо право и судски спорови: За секој спор што би можел да произлезе од или во врска со оваа Кампања применливо е македонското законодавство, а надлежен ќе биде Основниот граѓански суд Скопје.
За дополнитени информации во врска кампањата, достапен е нашиот контакт центар на 13 333 или информациите на веб страницата www.iute.mk