Политика на приватност
ПРАВИЛА ЗА НАГРАДНА ИГРА
“Со Иуте секогаш повеќе, со потрошувачки кредит до вредни награди”
ОРГАНИЗАТОР
Финансиско друштво ИУТЕ КРЕДИТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје, со седиште во Скопје на ул. 1732 бр.4, Ламела А/ДП бр.1 и ЕМБС 7221290, застапувано од Управителот Биљана Мишиќ
ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ
Наградната игра се приредува со цел рекламирање на апликации за ненаменски потрошувачки кредит од ИутеКредит Македонија
ИМЕ, ОПИС И ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА НАГРАДНАТА ИГРА
Името на Наградната игра е “Со Иуте секогаш повеќе, со потрошувачки кредит до вредни награди”
Право на учество во Наградната игра имаат сите полнолетни лица – државјани на Р. Северна Македонија кои ќе поднесат Барање за одобрување на ненаменски потрошувачки кредит во износ помеѓу 150.000 и 600.000 денари и со рок на отплата помеѓу 24 и 60 месечни рати и истиот ќе им биде одобрен и исплатен.
Времетраењето на Наградната игра е од 10 октомври 2025 до 30 ноември 2025 година.
ТЕРИТОРИЈА
Наградната игра се организира и спроведува на територијата на Р. Северна Македонија.
ПОДАТОЦИ ЗА НАГРАДИ – НАГРАДЕН ФОНД
Наградната игра располага со следниот фонд на награди:
Бр | Награда | Кол. | Цена без ДДВ | Цена со ДДВ | Вкупна вредност |
---|---|---|---|---|---|
1 | Apple iPhone 16 Pro Max 256 GB | 3 | 74.313,56 ден. | 87.690,00 ден. | 263.070,00 ден. |
2 | Apple 11 iPad (A16) | 3 | 22.847,62 ден. | 23.990,00 ден. | 71.970,00 ден. |
3 | Ваучер за патување од туристичка агенција Магелан Травел | 3 | 43.400,00 ден. | 43.400,00 ден. | 130.200,00 ден. |
Вкупно МКД со ДДВ | 465.240,01 ден. |
Вкупниот награден фонд за оваа Наградна игра изнесува 465.240 (четиристотини шеесет и пет илјади двесте и четриесет) денари со вклучен ДДВ.
Во наградната игра нема да бидат доделени други награди. Замена на наградата со друга награда, со парична или друга противвредност не е дозволена. Организаторот не се обврзува да понуди друг тип на награда во истата вредност како замена на планираната награда.
Учесниците во Наградната игра немаат право да бараат награда во поголема вредност или од различен вид од назначената во Правилата од страна на Организаторот.
КЛАУЗУЛА ЗА НАГРАДАТА
Наградата се состои од:
- 3 (три) ваучери за патување во вредност од по 43.400,00 (четриесет и три илјади и четиристотини) денари, издаден од туристичката агенција Магелан Травел. Ваучерот е бланко – не е врзан за конкретна дестинација или термин, и има ограничено право за користење, согласно условите и роковите определени од туристичката агенција. Добитникот на наградата ја избира дестинацијата и терминот на патување во директна комуникација со Магелан Травел, во согласност со тековната понуда на агенцијата во моментот на реализација. Организаторот на наградната игра не учествува во понатамошното планирање, резервирање или договарање на патувањето.;
- 3 (три) мобилни телефони iPhone 16 Promax во ведност од по 87.690,00 (осумдесет и седум илјади шесто и деведесет) денари и
- 3 (три) парчиња 2025 iPad A16 во вредност од по 23.990,00 (дваесет и три илјади деветстотини и деведесет) денари.
ПРАВО НА УЧЕСТВО ВО НАГРАДНАТА ИГРА
Право на учество во Наградната игра имаат сите полнолетни лица – државјани на Р. Северна Македонија кои ќе поднесат Барање за одобрување на ненаменски потрошувачки кредит во износи помеѓу 150.000 и 600.000 денари и со рок на отплата помеѓу 24 и 60 месечни рати и истиот ќе им биде одобрен и исплатен.
Квалификувани за учество во наградната игра се сите нови и постоечки клиенти на Иуте Кредит Македонија на кои ќе им биде одобрен и исплатен кредит во посочениот период според погоре посочените параметри, а кои на денот на извлекувањето на наградата: (1) не го искористиле правото на откажување од договорот за кредит и (2) немаат достасани и неподмирени обврски кон Организаторот.
Потврда дека едно лице станало учесник во наградната игра е бројот на потпишаниот договорот за ненаменски потрошувачки кредит кој може да биде склучен во електронска или во хартиена форма.
Во наградната игра забрана за учество имаат лицата кои за времетраењето на наградната игра се вработени кај Организаторот на наградната игра (Финансиско друштво Иуте Кредит Македонија ДООЕЛ Скопје) и членовите на нивните потесни семејства, како и вработените кај партнерите кои се добавувачи на наградите за Наградната игра.
Доколку биде извлечен добитник кој не ги исполнува условите, истиот ќе биде дисфалификуван и ќе биде заменет со првиот од резервните добитници кој во целост ќе ги исполнува правилата на Наградната игра.
Еден учесник во наградната игра има право да биде извлечен само за една награда од вкупниот број на награди предвидени во Наградната игра.
Учесниците кои не ги прифаќаат овие Правила на наградната игра имаат право да го откажат своето учество во Наградната игра со праќање на Изјава за откажување на учество во Наградна игра на е-маил адресата , во спротивно сите учесници ќе се смета дека ги прифаќаат Правилата на наградна игра и ќе учествуваат во неа.
Наградата ќе биде доделена само ако учесниците се квалификувани, имаат право на учество и ако целосно ги почитуваат Правилата на наградната игра.
Правилата за Наградната игра ќе бидат објавени, пред почеток на наградната игра, по добивање на согласност од Министерството за финансии на:
– веб страната на Организаторот: https://iute.mk/
– Facebook страницата на Организаторот: https://www.facebook.com/iuteMacedonia/
Со самото учество во наградната игра, Учесниците ги прифаќаат овие Правила за наградна игра.
ИЗВЛЕКУВАЊЕ НА НАГРАДИТЕ
Извлекувањето на наградите ќе се врши по електронски пат, и тоа по случаен избор од системската база на податоци во која учествуваат клиентите на кои им бил одобрен ненаменски потрошувачки кредит во износ помеѓу 150.000 и 600.000 денари и со рок на отплата помеѓу 24 и 60 месечни рати во текот на времетраењето на наградната игра од 10 октомври до 30 ноември 2025 година , и тоа на следниот начин:
Извлекувањето на наградите ќе биде на 15.12.2025 год. по принципот на случаен избор, а ќе учествуваат сите клиенти на начин и услови наведени погоре.
Извлекувањето на наградите на 15.12.2025 год. ќе се спроведе во 12 часот, а ќе бидат доделени следните награди:
Бр. | Награда | Количина |
1 | Apple iPhone 16 Pro Max 256 GB | 3 |
2 | Apple 11 iPad (A16) | 3 |
3 | Ваучер за патување од туристичка агенција Магелан Травел | 3 |
При извлекување на добитниците, во исто време ќе се извлекуваат и резервни добитници за секоја награда, во случај ако некои од извлечените добитници не ги исполнуваат во целост условите за учество во наградната игра, се откажат од добиената награда, односно доколку Организаторот не може да стапи во контакт со нив.
За текот на извлекувањето ќе се води записник, кој ќе биде потпишан од членовите на Комисијата која ќе биде составена од:
– Претставници од Финансиско друштво ИУТЕ КРЕДИТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје
Извлекувањето ќе биде во седиштето на Организаторот на ул. 1732 бр.4, Ламела А/ДП бр.1 1000 Скопје-Центар, Република Северна Македонија.
НАЧИН НА ОБЈАВУВАЊЕ НА ДОБИТНИЦИТЕ
Добитниците на Наградната игра ќе бидат објавени во рок од три (3) дена од денот на извлекувањето на наградите на:
– веб страните на Организаторот: https://iute.mk
– Facebook страницата на Организаторот: https://www.facebook.com/iuteMacedonia
со објавување на нивното име, првата буква од презимето и телефонските броеви на добитниците без последните две цифри (во формат: 07Х/1234ХХ).
ДОДЕЛУВАЊЕ НА НАГРАДИТЕ
Организаторот ќе ги извести добитниците за добиената награда на телефонскиот број оставен како контакт при поднесувањето на Барањето за кредит и по електронската пошта наведена во Барањето за кредит.
Организаторот не одговара за неточно пополнети податоци во Барањето за кредит или неуспешен електронски пренос на податоците, прекин во комуникациската врска без разлика од причината од која потекнува, недостапност или немање на интернет, други причини како резултат на виша сила и сл.
Добитниците, наградите ќе ги добијат во рок од 15 дена од денот на објавување на наградите на горенаведените веб страници.
Наградите/ваучерите ќе им бидат доставени на добитниците на адреса назначена од нивна страна од страна на правно лице (курирска служба) за достава на брзи пратки, ангажирана од Организаторот на наградната игра или подигнување лично од добитникот во просториите на Иуте Македонија.
Вработените кај правното лице (курирската служба) за достава на брзи пратки ќе извршат увид во документ за лична идентификација на добитникот.
Ако добитникот на наградата од извлекувањето го откаже подигнувањето на наградата од која било причина, должен е за тоа да го извести Организаторот во рок од 8 дена од денот кога е известен дека е добитник на награда.
Со плаќањето на данокот на личен доход и преземањето на наградите, престануваат понатамошните обврски на Организаторот на наградната игра спрема добитниците.
Организаторот нема никаква одговорност која може да произлезе од користењето на наградите, како и плаќање на штети кои на некаков начин се поврзани со користењето на наградата.
Доделувањето на наградата може да биде јавен настан. Организаторот има право со нивна согласност да ги слика/снима добитниците на наградите со што нивните лични податоци име и презиме можат да станат јавни и да бидат користени во аудио, фотографија или видео материјал, без право на дополнителен надомест.
Во случај да нема доволно пријавени учесници, односно помалку од вкупниот број на награди што се доделуваат, а во конкретниот случај девет (9), наградите остануваат како недоделени и му остануваат на Организаторот на наградната игра (ИУТЕ КРЕДИТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје).
Организаторот не одговара во случај кога добиена награда не може да биде дадена или искористена поради невозможност потенцијалниот добитник или негов претставник да се јави и да ја добие наградата во определените рокови или поради други пречки поврзани со конкретниот добитник или негов претставник односно поради околности предизвикани од виша сила, нормативни или законски ограничувања. Во тој случај наградите, остануваат како недоделени и му остануваат на Организаторот на наградната игра (ИУТЕ КРЕДИТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје).
ПРАВО НА ПРИГОВОР
Незадоволниот учесник во Наградната игра има право во рок од 5 (пет) дена од денот на објавување на списокот на добитници да поднесе приговор во писмена форма до Организаторот на Наградната игра кој е должен во рок од 5 (пет) дена, од денот на приемот на приговорот писмено да одговори на добиениот приговор.
ОГРАНИЧУВАЊЕ НА УЧЕСТВО
Во Наградната игра е строго забрането да учествува лице кое е партнер или акционер, или е во работен однос или врз основа на друг договор за работа е поврзан со Организаторот или работи со реализација, обезбедување и администрирање на Наградната игра, како и членови на нивните потесни семејства.
Организаторот има за право да исклучи од учество во Наградната игра и да не дозволи добивање Награда на Учесник, за кој има податоци дека извршил злоупотреба со технички, програмски или други средства и уреди со цел неовластен пристап до системи на Организаторот и/или учество во Наградната игра и добивање на Наградата, или други дејства, спротивни на правилата на Наградната игра или на влезените во употреба нормативни акти.
КОРИСТЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Организаторот во целост ќе ги почитува одредбите од Законот за заштита на личните податоци и во пракса ќе цели кон одржување високо ниво на добра практика при обработка на личните податоци.
При механизмот на случајно компјутерско извлекување на добитници, ќе се користат само референтиот број од апликацијата за кредит, а нема да бидат користени нивните останати податоци. Со самото Аплицирање, односно со поднесувањето на Барањето за кредит преку мобилната апликација Myiute, подносителите на Барањето за кредитот учествуваат во наградната игра.
Доколку некој не сака неговите податоци да се обработуваат за таа намена, можат да го откажат своето учество во Наградната игра со Изјава за откажување пратена на е-маил адресата [email protected].
Добитникот во наградната игра се согласува дека Организаторот, до отповикување на дадената согласност од страна на добитникот, може да прибира, води, чува и обработува лични податоци на добитникот, за целите на оваа наградна игра.
Дадената писмена согласност за користење на личните податоци од страна на Организаторот, добитникот има право да ја отповика во секој момент, со доставување на барање, врз основа на кои личните податоци ќе се исклучат од понатамошното користење.
Од страна на Организаторот ќе бидат определени лица овластени за обработка на личните податоци поврзани со реализацијата на оваа наградна игра. Овластените лица своерачно ќе потпишат и Изјава за тајност и заштита на личните податоци согласно прописите за заштита на личните податоци.
Организаторот на наградната игра се обврзува дека ќе ги обработува и чува податоците во период од 3 месеци по завршувањето на наградната игра. По тој период сите документи кои содржат лични податоци ќе бидат уништени од страна на лице определено од Организаторот, согласно процедурата на Организаторот за уништување документи, а според прописите за заштита на лични податоци.
ПРЕКИНУВАЊЕ НА НАГРАДНАТА ИГРА
Наградната игра може да биде прекината во случај на виша сила, согласно чл.9 од Законот за игри на среќа и забавни игри, вклучувајќи ја неможноста на Организаторот да ја изведе наградната игра поради причини независни од неговата волја.
Во овој случај, Организаторот, по известувањето и добиената согласност од Министерството за финансии, треба да ги информира потрошувачите за прекинувањето на наградната игра, за причините за прекинувањето и за датумот на прекинување преку соопштение во медиумите.
ПОТЕНЦИЈАЛНИ СПОРОВИ
Во случај на спор помеѓу Организаторот и учесниците на наградната игра, надлежни се соодветните судови во Скопје.
ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ПРАВИЛА
Овие официјални правила важат од денот на нивното донесување, а ќе започнат да се применуваат откако Министерството за Финансии ќе издаде Дозвола за приредување на игра на среќа – наградна игра и истите ќе важат сè до завршувањето на наградната игра. Со учеството во наградната игра секој учесник ги прифаќа сите права и обврски утврдени во овие правила.
Сите заинтересирани може да добијат примерок од правилата на наградната игра на свој трошок од канцелариите на Организаторот.
За дополнителни информации учесниците може да се јават на телефонскиот број 13 333 секој работен ден од 8:00 до 20:00 часот, во периодот од 10.10.2025 година до 15.12.2025 година.
Организатор:
Финансиско друштво ИУТЕ КРЕДИТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје
Управител
Биљана Мишиќ
Повеќе кон ПРАВИЛА ЗА НАГРАДНА ИГРА (pdf )