Советник за клиенти – After Sales

Доколку сте заинтересирани за овој оглас испратете ја Вашата биографија на

Иуте Македонија е дел од естонската дигитална банкарска групација Иуте, која го менува начинот на кој луѓето управуваат со своите финансии низ Југоисточна Европа.

Во Иуте веруваме дека иднината на финансиите не е само во технологијата, туку во начинот како технологијата може да го направи искуството поедноставно, побрзо и порелевантно, на одговорен начин.

Нашиот тим расте и бараме енергична личност која ќе се препознае во приказната и заедно со тимот ќе ја движи следната развојна фаза.

Советник за клиенти – After Sales

 

Твојата мисија

Нашата цел е негување на долгорочни релации од доверба со нашите клиенти. Токму затоа фокусот не е само на ширење на мрежата, туку надградба на постоечките и нудење на нови финансиски решенија кои одговараат на нивните потреби.

 

Твојата улога

Да бидеш човекот што ја поврзува технологијата со клиентот

Да слушаш. Да препознаеш потреба. Да предложиш вистинско решение. И да создадеш искуство по кое клиентот ќе сака повторно да ни се обрати.

Ако комуникацијата ти е силна страна, продажбата те мотивира, а дигиталниот свет ти е природна средина – можеби токму тебе те бараме.

Што ќе движиш?

  • Ќе воспоставуваш директна комуникација со клиентите и ќе градиш долгорочни односи
  • Ќе водиш продажни разговори и ќе ги претставуваш нашите финансиски и дигитални решенија на јасен и релевантен начин
  • Ќе ги препознаваш потребите на клиентите и ќе им помагаш да го изберат решението што најмногу им одговара
  • Ќе идентификуваш можности за дополнителни производи и услуги, создавајќи поголема вредност за клиентот
  • Ќе го следиш целиот процес – од првиот контакт до реализацијата
  • Ќе работиш со јасно дефинирани продажни цели и KPI
  • Ќе придонесуваш кон подобрување на продажниот процес и корисничкото искуство
  • Ќе бидеш дел од тим кој постојано бара како нешто може да биде поедноставно, побрзо и подобро

 

Кого бараме?

✔ Универзитетско образование – предност имаат економските науки

✔ Искуство во финансиска институција е предност

✔ Одлични комуникациски, продажни и преговарачки вештини

✔ Способност да слушаш, да поставиш вистинско прашање и да ја препознаеш потребата зад барањето на клиентот

✔ Проактивност, организираност и ориентираност кон резултати

✔ Одговорност, истрајност и желба постојано да учиш и да се развиваш

✔ Искуство во продажба, телефонска продажба или customer service ќе се смета за предност

✔ Одлично познавање на македонски и англиски јазик

Што добиваш?

Не само работа, туку и простор за кариерен напредок, постојано учење и надградба и личен раст во чекор со компанија што расте.

  • Работа во една од најбрзо растечките дигитални банкарски групации во регионот
  • Меѓународна работна средина и соработка со тимови од различни пазари
  • Простор за идеи, иницијативи и реално влијание
  • Континуирано учење, развој и можности за професионален раст
  • Подароци за родендени, годишнини и важни животни моменти
  • Тимбилдинзи во земјата и странство
  • Спортски активности
  • Дополнителни здравствени прегледи

Подготвен/а си да ги движиш финансиските искуства напред?

📅 Аплицирај до: 31 октомври 2026

📧 Испрати CV на:

✉️ Назнака: Советник за клиенти – After Sales

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани. Сите апликации ќе се третираат доверливо.

 

 

Испратете го вашето CV

"(задолжително)" indicates required fields

This field is for validation purposes and should be left unchanged.
Прикачете CV (задолжително)