Зимските вечери се создадени за добар филм, омилената серија или фудбалски натпревар во друштво на најблиските. Но, за вистинско уживање, важно е да го избереш телевизорот што најмногу одговара на твојот простор, навики и потреби.
Колку голем екран ти е потребен? Дали вреди да инвестираш во QLED технологија? Kои карактеристики навистина прават разлика?
Во продолжение ти откриваме на што да обрнеш внимание при изборот, а воедно издвојуваме и неколку одлични модели што можеш да ги најдеш на iuteMarket по цени од 7.999 денари.
Избери плаќање на рати со Smart 0, до 48 рати со Flexi или плаќање во готово при достава. Доставата е бесплатна!
Чекор 1: Избери ја вистинската големина според просторот
Пред да се одлучиш за конкретен модел, измери го растојанието од местото на кое најчесто седиш до телевизорот. Големината на екранот треба да одговара на просторот за гледање, за да уживаш во удобна и квалитетна слика.
За 4K телевизор, ова правило може да ти помогне при изборот:
| Растојание од екранот | Препорачана големина | Идеално за |
| До 1,5 m | 40″–43″ | Спална, кујна или детска соба |
| 1,5–2,2 m | 55″ | Помала дневна соба |
| 2,2–2,8 m | 65″ | Стандардна дневна соба |
| Повеќе од 2,8 m | 75″ | Пространа дневна соба и домашно кино |
Наш совет: ако се двоумиш меѓу две големини, размисли за поголемиот екран. Особено кога станува збор за гледање филмови и спорт, дополнителните инчи можат да направат голема разлика во доживувањето.
Чекор 2: LED или QLED – која технологија да ја избереш?
Разликата меѓу LED и QLED технологијата најмногу се забележува во прикажувањето на боите и светлината на екранот.
- LED / DLED – практичен и достапен избор за секојдневно гледање телевизија, серии и филмови. Нуди добар квалитет на сликата по пристапна цена.
- QLED – овозможува побогати, поживи бои и повисоко ниво на осветленост. Одличен избор за светли простории, љубителите на филмови и спорт, како и за оние што сакаат повпечатливо визуелно доживување.
Ако често гледаш телевизија и сакаш посветли бои и поизразена слика, QLED дефинитивно вреди да го разгледаш.
Чекор 3: Обрни внимание на резолуцијата и Smart функциите
Покрај големината и технологијата на екранот, важни се и резолуцијата и оперативниот систем на телевизорот.
- Full HD – сосема добар избор за помали екрани од 40 инчи.
- 4K Ultra HD – нуди четирикратно повеќе пиксели од Full HD и поостра, подетална слика. Препорачлив избор за телевизори од 43 инчи нагоре.
Важна е и Smart функцијата, која ти овозможува пристап до интернет и омилените апликации за гледање филмови, серии и видеосодржини.
Сите модели што ги издвоивме подолу се Smart телевизори со Wi-Fi поврзување. Моделите FUEGO користат Google TV / Android TV, додека ELEKTRA доаѓаат со VIDAA оперативен систем. И двата нудат пристап до популарни апликации за стриминг и забава.
Наш избор: Телевизори на iuteMarket за секој простор и буџет
Без разлика дали бараш компактен телевизор за спалната соба или голем екран за вистинско филмско доживување во дневната соба, на iuteMarket можеш да го најдеш моделот што ти одговара.
| Телевизор | Идеален избор за | Цена | Рати од* |
| FUEGO 40″ Full HD, Google TV | Спална соба и кујна | 7.999 ден. (претходно 10.999) | 2.000 ден./месечно |
| FUEGO 43″ 4K UHD, Android TV | Помала соба и прв 4K телевизор | 12.499 ден. (претходно 13.990) | 3.125 ден./месечно |
| ELEKTRA 55″ QLED 4K, VIDAA | Помала дневна соба | 15.999 ден. (претходно 21.999) | 4.000 ден./месечно |
| ELEKTRA 65″ LED 4K, VIDAA | Дневна соба и одличен однос на големина и цена | 20.499 ден. (претходно 26.990) | 5.125 ден./месечно |
| ELEKTRA 65″ QLED 4K, VIDAA | Филмови, серии и спорт | 20.999 ден. (претходно 33.999) | 5.250 ден./месечно |
| ELEKTRA 75″ LED 4K, VIDAA | Пространа дневна соба и домашно кино | 29.999 ден. (претходно 39.999) | 7.500 ден./месечно |
Информативниот износ на месечната рата е пресметан како четвртина од продажната цена.
Наш избор: ELEKTRA 65″ QLED 4K. За само 500 денари повеќе во споредба со 65-инчниот LED модел, добиваш QLED технологија, побогати бои и повпечатливо визуелно доживување. Одлична можност да направиш чекор повеќе во квалитетот на гледање!
Разгледај ја целата понуда на телевизори на iuteMarket и пронајди го моделот што одговара на твојот дом.
За уште поудобно доживување: Неколку практични совети
Вистинскиот телевизор е само дел од приказната. Неколку мали промени во просторот можат дополнително да го подобрат доживувањето:
- Постави го телевизорот на соодветна висина. Идеално е средината на екранот да биде приближно на висина на очите додека седиш.
- Избегнувај директна светлина. Постави го екранот така што прозорците и светилките нема да создаваат непријатни рефлексии.
- Пригуши го осветлувањето. Помекото светло во просторијата создава попријатна атмосфера за гледање филмови и серии.
Како да купиш телевизор на iuteMarket?
Изборот е едноставен, а нарачката можеш да ја направиш онлајн, во неколку чекори:
- Посети го iuteMarket или отвори ја апликацијата MyIute. Не ти е потребна сметка за да ја разгледаш понудата и да направиш нарачка.
- Избери го телевизорот што најмногу одговара на твојот простор и потреби.
- Одбери го начинот на плаќање што ти одговара: на рати со Smart 0, до 48 рати со Flexi или во готово при достава.
Најави се или отвори iute сметка за пристап до ексклузивни понуди и цени наменети за iute клиенти.
Често поставувани прашања
Која големина на телевизор е најдобра за дневна соба?
За повеќето дневни соби, каде што растојанието од местото на седење до телевизорот е околу 2,2–2,8 метри, 65-инчниот телевизор е одличен избор.
Можам ли да купам телевизор на рати?
Да. На iuteMarket можеш да го купиш избраниот телевизор со плаќање на рати преку Smart 0 или со Flexi, на период до 48 рати.
Дали доставата е бесплатна?
Да, за телевизорите од понудата доставата е бесплатна. Доколку претпочиташ, можеш да ја платиш нарачката и во готово при достава.
Понудата важи до исцрпување на залихите.
Заедно за развој на е-трговијата: Шест години партнерство и нови можности преку “Buy now, pay later”
Иуте Пеј започнува со работа – iute сметка отсега достапна во апликацијата Myiute
Подготовката за зимата започнува пред првиот снег. Што треба да проверат возачите?