Назад кон новости

Iute златен партнер на e-commerce наградите за 2023

Настани

Во улога на општествено-одговорна компанија и пионер во дигиталните процеси, Иуте ја имаше честа да биде партнер на овогодинешните е-commerce награди, кои вчеравечер на едно место ги собраа сите истомисленици, претставници на компании и прогресивни размислувачи, кои исто како и Иуте веруваат дека ова е дефинитивно година на е-трговијата.

Од друга страна, по настанот, останува уште поголема обврска и детерминираност да се работи уште поинтензивно на развојот на е-бизнисите и процесите, но и на едукацијата, доближувајќи ги што е можно поблиску до сите наши граѓани, преку објаснување на придобивките, бенефицитиите, олеснувањата и безбедносните аспекти.

Со мрежа од над 100 е-продавници, Иуте веќе станува прв избор на купувачите, од аспект на доверба, лојалност, безбедност и модел кој овозможува планирање на буџетот онака како што ним им одговара. Иновативниот и револуционерен модел “Купи сега, плати подоцна” од ден на ден станува се повеќе прифатен и од компаниите и од купувачите.

“Успеавме да доближиме до пазарот и граѓаните еден иновативен начин на плаќање, кој од корен го менува македонскиот пазар, a успехот е заеднички”.

“Како златен партнер и општествено-одговорна компанија, стоиме цврсто покрај членовите и заложбите на асоцијацијата и ќе продолжиме да придонесуваме кон развој на бизнисите и е-трговијата во нашата држава. Во улога на лидер на пазарот и пионер во дигиталните процеси на пазарот, на овој начин оддаваме признание на најдобрите во оваа категорија, но и носиме одговорност уште поинтензивно да работиме на овие процеси“, вели Дане Тодоровски, Комерцијален Директор на Иуте, кој воедно ја имаше честа да додели една од наградите.

Живееме во време на дигитална револуција и вештачка интелигенција, која полека но сигурно навлегува во сите пори, па така и во е-бизнисите. Иднината на е-трговијата ќе зависи од  имплементација на новите алатки и можности. Секој современ бизнис бара континуирана надградба, трендовите брзо се менуваат, но исто така секој бизнис е индивидуална приказна која треба да еволуира на персонализиран начин.
Како лидер на финтек пазарот во дигитална трансформација, црпиме искуство од Естонска групација која е дигитално најнапредна земја во Европа, но тие дигитални трендови ги адаптираме на локалните потреби и барања на нашите клиенти.

Честитки до организаторот на оваа манифестација, на сите учесници и добитници на наградите, овој настан нека биде еден во низата кој ќе даде потстрек и стимул за сите оние кои штотуку започнале или размислуваат за градење и надградување на бизнисот преку е-трговија.

Иуте воедно со гордост го најавува почетокот на Click Week, првата недела од ваков тип во земјава посветена на онлајн купување, овозможувајќи им на купувачите можности за дополнителна заштеда, попусти и користење на придобивките од иновативниот и флексибилен модел на плаќање на рати на Иуте “Купи сега, плати подоцна”.

Последни вести Сите новости

Групацијата Иуте ги објави резултатите за 9 месеци од работењето во 2025

Позитивен тренд на сите финансиски параметри, стабилен и одржлив развој и подобрена ефикасност во сите сегменти на работењето   Групацијата Иуте од Талин – банкарска групација која обезбедува кредитирање, плаќања и посредување во осигурување на пазарите во Југоисточна Европа под чијашто капа работи Иуте Македонија, ги објави неревидираните резултати за работењето во првите 9 месеципрочитај повеќе
Интервју
Групацијата Иуте

Иуте Македонија: Интегритет, усогласеност и управување со ризици – темели на одржливиот раст

Во динамично и строго регулирано финансиско опкружување, Иуте Македонија поставува јасен пример за тоа како ефективното корпоративно управување преку воспоставени функции на усогласеност со прописи и управување со ризици претставува основа за долгорочна стабилност и раст. Компанијата работи во целосна усогласеност со локалните и меѓународните регулативи, применувајќи интерни политики и процедури кои го следат темпотопрочитај повеќе
Интервју

Иуте и Екотип донираа прочистувачи за воздух во основното училиште Крум Тошев Трубарево

Како општествено-одговорни компании со алтруистички дух, изразуваме големо жалење и сочувствуваме со сите граѓани кои се директно и индиректно погодени од неодамнешниот пожар во Трубарево, немил настан кој го наруши секојдневието на жителите и децата, оставајќи ги надвор од училишните клупи. Притоа изразуваме и голема благодарност до сите институции, волонтери, пожарникари, медицински лица и индивидуалципрочитај повеќе
Разно
Иуте и Екотип