Назад кон новости

Солидарност на дело и крводарителска акција на Иуте, во партнерство со Сојузот на извидници на Македонија

Настани

 

Веќе 4 години по ред тимот на Иуте Македонија самоиницијативно организира крводарителски акции, како дел од стратегијата за поддржување на добри каузи и општествено-одговорни активности.

Оваа година се одлучивме да се приклучиме на тимот на прв Скопски извиднички одред и Сојузот на извидници на Македонија, водени од визијата дека делиме иста заложба и сметаме дека сме погласни кога сме сплотени и помногубројни.

Она што сакавме да го постигнеме меѓу останатото е да ги поддржиме овие млади луѓе и нивните активности на правење на добри дела, а токму денешната активност и акција беше дел од нивните проекти за добри дела, во знак на одбележување на светскиот ден на извидниците

Нашата главна заложба и желба беше да истапиме заеднички и погласно и да дадеме пример и да подигнеме свесност за непходноста од што помасовно приклучување кон вакви акции.

Кога стануа збор за вакви и слични активности, Иуте секогаш со огромно задоволство зема учество, а она што особено не радува е се поголемата бројка на учесници и вработени, која од година до година расте.

Горди сме на тимот, во којшто имаме колеги кои оваа  година одбележуваат и јубилеј од 10 дарувања.

Голема благодарност до Црвен Крст Скопје, како и Сојузот на извидничи и Првиот Скопски извиднички одред.

Им посакуваме уште многу успешни проекти и добри дела како денешниов ден, продолжете да служите како пример.

Делиме иста кауза и секогаш е поубаво кога тоа го правиме заедно.

Да продолжиме да покажуваме солидарност на дело.

 

Последни вести Сите новости

3 МИЛИОНИ ЕВРА ОБЕЗБЕДЕНИ ЗА РЕКОРДНИ 4 ДЕНА – ИУТЕ МАКЕДОНИЈА СО НОВО ПОГЛАВЈЕ НА ДОМАШНИОТ ПАЗАР НА КАПИТАЛ

Иуте Македонија успешно ја реализираше својата прва корпоративна обврзница на домашниот пазар на капитал, обезбедувајќи го целиот износ од 3 милиони евра за рекордни четири дена. Со тоа, јавната понуда е целосно затворена, а исклучителниот интерес од инвеститорите претставува силна потврда за довербата во компанијата, нејзиниот стабилен бизнис модел и долгорочната стратегија за раст. Попрочитај повеќе
Новости
zvono od berza

Обновена технологија – паметен избор што сè повеќе луѓе го прават

Кога сме во потрага по нов телефон, лаптоп или гејмерска конзола, најчесто мислиме дека единствена опција е да купиме сосема нов уред. Но, сè повеќе корисници во Европа избираат поинакво решение – професионално обновени (refurbished) уреди.   Што значи „обновен уред“? Обновен (refurbished)  уред е претходно користен уред кој професионално е проверен, тестиран, исчистен ипрочитај повеќе
Блог
Две девојки прават селфи на IPhone

Купувањето станува поедноставно, подостапно и попаметно – Иуте ја лансира iute Market, новата онлајн продавница во Myiute

Ново дигитално шопинг искуство – сè што ви треба на едно место  Купувањето денес не е само избор на производ – туку целосно искуство кое треба да биде едноставно, брзо и прилагодено на потребите на корисникот. Токму тоа го носи iute Market – новата интегрирана онлајн продавница во рамки на MyIute апликацијата, развиена во соработкапрочитај повеќе
Новости
iute Market