Назад кон новости

Ананас и Иуте, ново партнерство и поглавје во развој на онлајн трговијата

Новости
Ananas

Од денес Иуте му посакува официјално добредојде на Ананас – најново интегрираниот партнер и најголемата е-продавница во државата.

Ананас и Иуте заеднички ќе работат кон ширење на хоризонтите на македонската дигитална економија и креирање нови можности, како за бизнисите, така и за купувачите, во насока на едно сосема ново и унапредено онлајн корисничко искуство.

Соработката е пред сè резултат на делење на заедничка визија, мисија и вредности за развој на е-трговијата, со имплементација на сите најнови трендови, иновации и технологии.

Ананас, уште од самиот почеток и лансирање пред неколку години донесе нови и свежи перспективи на онлајн пазарот. Од друга страна Иуте, како финтек лидер, петта година е пионер во иновации, особено со воведување на моделот “Купи сега плати подоцна”, со иста заложба за движење на економијата и индустријата кон сосема нови хоризонти.

И Иуте и Ананас веќе неколку години се партнери и поддржувачи на Асоцијацијата за електронска трговија на Македонија, давајќи активна поддршка и свежи перспективи за сите компании, кои имаат напредна визија и желба за бизнис трансформација во онлајн просторот.

Наскоро започнува онлајн спортската недела на Иуте со специјални попусти и промоции, на којашто за првпат ќе се вклучи и Ананас.

Заедно, го придвижуваме напред онлајн купувањето.

Последни вести Сите новости

Black Friday со Иуте: Купувај паметно преку iuteMarket и добиј плус 5.000 денари

Black Friday е одлична можност да го купиш она што веќе го планираш – нова технологија, апарати за домаќинство, мебел или нешто што ќе го направи секојдневието поубаво. Но, добрата зделка не се мери само според висината на попустот, туку и според тоа што навистина добиваш. За да го искористиш максимумот од Black Friday, важнопрочитај повеќе
iuteMarket
Black Friday nanner iuteMarket

Иуте го зајакнува корпоративното управување на Iute Bank во Украина

Групацијата Иуте го зајакнува корпоративното управување на својата банка во Украина со именување Надзорен одбор составен од членови со значајно меѓународно искуство. Меѓу нив се поранешниот американски дипломат Џорџ П. Кент, поранешниот извршен директор на LHV Group, Мадис Тоомсалу и претседателот на Украинската асоцијација на финтек и иновациски компании, Ростислав Дјук. Сите именувања се одобренипрочитај повеќе

Како да го избереш вистинскиот телевизор за удобни вечери дома

Зимските вечери се создадени за добар филм, омилената серија или фудбалски натпревар во друштво на најблиските. Но, за вистинско уживање, важно е да го избереш телевизорот што најмногу одговара на твојот простор, навики и потреби.  Колку голем екран ти е потребен? Дали вреди да инвестираш во QLED технологија? Kои карактеристики навистина прават разлика?  Во продолжениепрочитај повеќе
Блог
Паметен телевизор на дрвена комода во модерна дневна соба