Назад кон новости

Иуте го зајакнува корпоративното управување на Iute Bank во Украина

Новости

Групацијата Иуте го зајакнува корпоративното управување на својата банка во Украина со именување Надзорен одбор составен од членови со значајно меѓународно искуство. Меѓу нив се поранешниот американски дипломат Џорџ П. Кент, поранешниот извршен директор на LHV Group, Мадис Тоомсалу и претседателот на Украинската асоцијација на финтек и иновациски компании, Ростислав Дјук. Сите именувања се одобрени од Националната банка на Украина и го означуваат успешното завршување на процесот на корпоративизација на банката, официјалната промена на нејзиното име во Joint Stock Company Iute Bank и воспоставувањето нова управувачка структура, отворајќи ново поглавје во нејзиниот развој и раст.

Според Тармо Силд, извршен директор на групацијата Иуте, зајакнувањето на Надзорниот одбор на банката со членови кои обединуваат меѓународно искуство во банкарството, корпоративното управување и финансиските технологии ќе придонесе за насочување на IuteBank во следната фаза од нејзиниот развој во Украина.

Џорџ П. Кент во годините кои претходеа, ја вршеше функцијата Амбасадор на Соединетите Американски Држави во Естонија во периодот од 2023 до 2025 година и има повеќе од три децении дипломатско искуство, со посебен фокус на Источна Европа и Украина.

„Силата и решителноста што Украина ги покажа во исклучително тешки околности се навистина импресивни. Силните институции и одговорното управување ќе останат од суштинско значење за понатамошниот развој на економијата на земјата“, изјави Кент.

 

Мадис Тоомсалу претходно оваа година беше именуван и во Надзорниот одбор на Energbank, банката во сопственост на групацијата во Молдавија.

„И покрај видливите ризици, Украина покажа извонредна отпорност и се разви во еден од најдигитализираните финансиски пазари во Европа. Во контекст на обновата на Украина, IuteBank има единствена можност да го прошири обемот на своето работење, потпирајќи се на силно корпоративно управување, дисциплинирано управување со ризиците и технологија насочена кон потребите на клиентите“, изјави Тоомсалу.

 

Ростислав Дјук е претседател на Украинската асоцијација на финтек и иновациски компании и активно учествува во унапредувањето на соработката меѓу финансиските институции, технолошките компании и регулаторните тела.

„И покрај предизвиците во изминатите години, Украина изгради еден од најиновативните дигитални финансиски екосистеми во Европа. Обединувањето на меѓународната банкарска експертиза со силните финтек-капацитети на Украина создава одлична основа за развој на современи финансиски услуги за клиентите“, изјави Дјук.

Иуте влезе на украинскиот банкарски пазар претходно оваа година, преку преземање на селектирани средства и депозитни обврски од RWS Bank. Од март, IuteBank работи како банка под надзор на Националната банка на Украина, обезбедувајќи основни банкарски услуги за своите постојни клиенти.

Во првите месеци од работењето, приоритет на IuteBank беше да обезбеди непречена транзиција за клиентите на поранешната RWS Bank, истовремено воспоставувајќи стабилна оперативна основа за понатамошен развој.

Следната фаза ќе биде насочена кон проширување на дигиталните услуги, зајакнување на организациските капацитети и подготовка за раст на клиентската база. Лансирањето на целосно дигиталната банкарска платформа на IuteBank е планирано за 2027 година.

Иуте Групацијата, заедно со своите подружници, ја поддржува Украина од почетокот на целосната воена инвазија и својата инвестиција во IuteBank ја гледа како долгорочна европска инвестиција.

 

За Иуте Групацијата

Иуте Групацијата е дигитална банкарска групација фокусирана на финансиски услуги за секојдневните потреби на клиентите во Југоисточна Европа. Основана во 2008 година, со седиште во Естонија, Иуте им обезбедува услуги на клиентите во Албанија, Бугарија, Молдавија, Северна Македонија и Украина.

Преку апликацијата Myiute и своите локални операции, Иуте нуди дигитални финансиски услуги, вклучувајќи плаќања, банкарски услуги, финансирање и посредување во осигурувањето.

Иуте Групацијата ги финансира своите активности преку сопствен капитал, депозити и обезбедени обврзници, котирани на Регулираниот пазар на Франкфуртската берза и на Главниот пазар на Nasdaq Baltic.

 

Последни вести Сите новости

Како да го избереш вистинскиот телевизор за удобни вечери дома

Зимските вечери се создадени за добар филм, омилената серија или фудбалски натпревар во друштво на најблиските. Но, за вистинско уживање, важно е да го избереш телевизорот што најмногу одговара на твојот простор, навики и потреби.  Колку голем екран ти е потребен? Дали вреди да инвестираш во QLED технологија? Kои карактеристики навистина прават разлика?  Во продолжениепрочитај повеќе
Блог
смарт телевизор

Заедно за развој на е-трговијата: Шест години партнерство и нови можности преку “Buy now, pay later”

Шеста година по ред, Иуте Македонија е партнер на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, потврдувајќи ја својата континуирана посветеност на развојот на е-трговијата во земјава. Ова партнерство ја отсликува нашата верба дека развојот на посилен дигитален трговски екосистем се гради преку соработка, размена на знаења и практични решенија што одговараат на потребите на бизнисите ипрочитај повеќе
Блог
nikolaj zenevitc

Иуте Пеј започнува со работа – iute сметка отсега достапна во апликацијата Myiute

Иуте Пеј, дел од дигиталната банкарска групација Иуте Естонија со дозвола од Народната банка на РСМ за издавање електронски пари и давање платежни услуги, официјално започна со работа. Првата услуга што им е достапна на клиентите е iute сметка – лична платежна сметка која се отвора целосно дигитално преку апликацијата MyIute, за помалку од еднапрочитај повеќе
Новости
iutepay