Некои идеи започнуваат како разговор меѓу пријатели. Некои како белешка во телефон. Некои како скица на хартија или решение за проблем кој секојдневно го забележуваме, но ретко се осмелуваме да го промениме.
Во изминатите недели, студенти од различни универзитети одлучија да го направат токму тоа — да размислуваат поинаку, да предизвикуваат status quo и да понудат сопствена визија за иднината на дигиталните плаќања и финансиските услуги.
По недели исполнети со идеи, презентации, гласови, поддршка од заедницата и илјадници интеракции, дојде моментот да ги прогласиме победниците на Iute Pay Student Innovation Challenge 2026.
🏆 Прво место
ГенВоЗен од Факултет за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ)-1200 гласови
🥈 Второ место
УМО од Brainster Next College-950 гласови
🥉 Трето место
TripleFun од Економски факултет – Скопје-700 гласови
Честитки до победничките тимови за нивната креативност, визија, посветеност и способност да ги претворат идеите во решенија со реален потенцијал.
Токму тоа беше суштината на Iute Pay Student Innovation Challenge. Не само за да награди идеи, туку за да отвори простор за нив. Да создаде можности. Да поттикне соработка меѓу академијата и индустријата. И да покаже дека добрите идеи можат да дојдат отсекаде — од лабораторија, студентска соба, библиотека или кафе помеѓу предавања.
До сите тимови кои учествуваа во предизвикот:
Ви благодариме за секој час поминат во истражување, креирање и развивање на вашите идеи. За секоја презентација. За секое видео. За секој предизвик што го претворивте во можност. За секој обид да создадете нешто подобро од она што постои денес.
Вашето учество е доказ дека иднината на дигиталните плаќања во Македонија има потенцијал, талент и амбиција.
А на трите победнички тимови им порачуваме само едно:
Ова не е финиш линија.
Ова е стартната позиција и прво поглавје.
🚀 And the future goes to those who build it.
Последни вести
Сите новости
Иуте отвори нова flagship експозитура во центарот на Скопје
Иуте отвори нова flagship експозитура во центарот на Скопје – наместо шалтер, ве пречекува дневна соба Простор во кој дигиталното искуство, финансиското советување и човечкиот контакт се спојуваат во едно. Што ако влезете во финансиска експозитура и првото нешто што ќе го забележите не е шалтер, туку кауч? Што ако наместо да чекате, седнете?прочитај повеќе
Настани
5 причини зошто да го изберете iPhone 18 Pro Max
Барате најповолна цена за iPhone 18 Pro Max во Македонија? Најголемиот и најмоќен iPhone од најновата генерација на Apple е достапен во продажба од 18 септември 2026 година. На iuteMarket, заклучно со 20 октомври, моделот со 256 GB меморија во елегантна бордо боја е достапен по цена од 103.990 денари, со бесплатна достава и флексибилнипрочитај повеќе
iuteMarket
Иуте во фокусот на регионалната дискусија за иднината на кредитирањето на регионалната Microbalkans 2026 конференција во Скопје
По успешните изданија во Сараево и Дубровник, годинава Скопје беше домаќин на MicroBalkans 2026 | Lending Reimagined – регионална конференција која собра повеќе од 250 учесници од над 15 земји околу едно клучно прашање: како кредитирањето може да стане подигитално, поинклузивно и порелевантно за потребите на денешните клиенти и пазари? Во текот на два дена,прочитај повеќе
Настани