Назад кон новости

Дигитално по дефиниција. Одговорно по избор.

Интервју

Биљана Мишиќ, извршен директор на Иуте Македонија – За финтекот како инфраструктура, лидерството како дисциплина и растот кој не е случајност

 

  • Од кога делувате на македонскиот пазар, кои се спецификите на компанијата и колку се присутни дигитализацијата и ВИ во вашето работење?

Иуте Македонија е присутна на пазарот од 2017 година, како финтек платформа со амбиција да изгради интегриран финансиски екосистем. Потекнуваме од Естонија, земја синоним за дигитална зрелост, и тој ДНК е длабоко вграден во нашиот пристап.

Денес во суперапликацијата Myiute ги обединуваме личното финансирање, осигурителните услуги, моделот „Купи сега – плати подоцна“, а за скоро и дигитален паричник и плаќања. Дигитализацијата и вештачката интелигенција не се додаток, туку темел. Користиме модели базирани на машинско учење и предиктивна аналитика кои во реално време анализираат стотици параметри, со минимална човечка интервенција. Нашата цел не е само брзина, туку паметна, одговорна и безбедна услуга, каде технологијата работи во корист и на корисниците и на институцијата.

  • Колку развојот на финтек секторот може да придонесе за раст на македонската економија?

Финтекот е вистински катализатор на економски раст. Во Естонија придонесува со околу 10% во БДП, додека во Македонија тој удел е во промили, односно имаме огромен неискористен потенцијал. Дигиталните финансии ги намалуваат трошоците, а трансакциите се случуваат во реално време. Лиценцата за платежни услуги и електронски пари која IutePay ја доби минатата година е системска промена за целиот пазар: можеме да нудиме дигитален паричник, виртуелна картичка и ефтини инстант трансфери, без посредство на традиционалните банки.

Финтекот создава и нови висококвалификувани работни места во аналитика, ИТ и сајбер-безбедност. Сето ова создава позитивен круг – повеќе иновации, повеќе инвестиции и поавтоматизиран и подостапен финансиски систем.

  • Колку долго сте на менаџерски позиции и што е клучно за континуиран успех?

На водечки позиции сум близу две децении, а на чело на Иуте Македонија веќе трета година водам тим кој постојано расте и иновира. Нашиот раст од 50% на активата до над 60 милиони евра во изминатата година, со подобрен квалитет на портфолиото, не е случајност.

Успехот се гради врз три столба: технологија која континуирано се надградува, одговорно кредитирање преку заштита на корисниците и компанијата, и доверба преку транспарентност. Клучот е во дисциплината на системот: одлуките се донесуваат врз основа на податоци, а не лична проценка. Втората суштинска вештина е способноста за постојано преиспитување и агилна адаптибилност, пазарот и технологијата се во непрестано движење, стратегијата мора да биде жива.

  • Кои Ваши лични карактеристики Ве донесоа таму каде што сте денес?

Дисциплината е она што ме обликува преку способност да се работи конзистентно. Во финансиите, дисциплината е темелот врз кој почива институционалниот интегритет. Храброста е исто така моја силна страна, не само во контекст на донесување на тешки одлуки, туку и преку постојано преиспитување. Финтекот е сектор кој се менува со енормна брзина, и оној кој престанал да учи всушност веќе заостанал. Постојаното учење исто така ме карактеризира, тоа е начин на размислување кој не дозволува стагнација.

  • Дали манифестации како „Избор на најуспешни жени менаџери“ придонесуваат за женското лидерство?

Ова е прашање со кое свесно се борам. Еден дел од мене посакува да живеам во свет каде вакви манифестации повеќе не се потребни. Но се уште не сме таму, статистиката покажува значаен структурен јаз, особено во технолошкиот и финансискиот сектор. Додека тој јаз постои, вакви манифестации имаат конкретна функција: да создаваат видливост, а видливоста создава инспирација за следната генерација. Кога добивам вакви признанија, ги прифаќам не само лично, туку и во името на сите оние кои се уште не седат на масата каде одлуките се донесуваат, но имаат се што е потребно за да бидат таму.

Горди сме на она кое го изградивме во Иуте: тим кој е меритократски во вистинска смисла, каде позицијата е условена од компетентноста, а не родот. Тоа е моделот кон кој вреди да се стремиме, не само во рамките на поединечни компании, туку на ниво на целиот пазар и на целото општество.

 

 

Последни вести Сите новости

Обновена технологија: паметен избор за подобар уред

Кога бараш нов телефон, едно од првите прашања е: Да купам нов или половен? Денес постои и уште една опција – обновена технологија (refurbished). Обновениот телефон или уред не е едноставно користен производ кој повторно се продава. Пред да стигне до својот нов сопственик, тој поминува низ процес на проверка, тестирање и подготовка за повторнапрочитај повеќе
Блог
iPhone обновен уред

Како BNPL го менува начинот на кој купуваме

Начинот на кој купуваме онлајн се менува. Ако порано одлуката најчесто се сведуваше на „плаќам веднаш или се откажувам“, денес новите модели на плаќање им даваат на купувачите поголема флексибилност, а на е-трговците нови можности за раст. Едно од решенијата кое сè повеќе станува дел од оваа промена е BNPL (Buy Now, Pay Later) –прочитај повеќе
Интервју
интервју

Назад на училиште или во канцеларија – обновени уреди што ги поддржуваат твоите цели

Крајот на летото секогаш носи измешани чувства. Од една страна, се збогуваме со безгрижните денови, патувањата и заслужениот одмор. Од друга страна, есента носи нова енергија, нови почетоци и можност повторно да се фокусираме на нашите цели. Без разлика дали се подготвуваш за нова учебна година, враќање во канцеларија или нови деловни предизвици, успехот најчестопрочитај повеќе
iuteMarket
iPhone обновен уред