Податоците како двигател на стабилен раст во динамичното окружување
Групацијата Иуте од Талин – банкарска групација која обезбедува кредитирање, плаќања и посредување во осигурување на пазарите во Југоисточна Европа под чијашто капа работи Иуте Македонија, официјално ги објави неревидираните резултати за работењето во првата половина од 2025 година, демонстрирајќи силен и стабилен раст.
Приходите на Иуте пораснаа на 59.5 милиони евра, што претставува 10.9% раст во однос на истиот период од претходната година, додека нето-добивката се зголеми за повеќе од половина во споредба со истиот период лани, изнесувајќи 6.7 милиони евра.
„Иуте продолжува сигурно кон патот на реализација на визијата да стане целосно дигитална банка на сите пазари на коишто делува. И покрај макроекономската нестабилност и силната конкуренција, направивме значаен напредок и сме на добар пат да ги исполниме зацртаните цели за приходи и нето-добивка до крајот на годината”- посочи Тармо Силд, Извршен директор на групацијата.
Базата на клиенти остана стабилна, изнесувајќи 260.000 активни клиенти, а во исто време, индексот на отплата CPI30 се подобри од 86.4% пред една година на 87.9%, пришто секое подобрување на CPI30 за еден процентен поен е еднакво на приближно 1 милион евра во дополнителен паричен тек на 100 милиони евра портфолио на кредити.
Растот на групацијата беше поткрепен и со зголемување на ефикасноста од дигитализацијата – на пример, во небанкарскиот бизнис, целосно автоматизираните кредити учествуваа со 30.5% од сите нови исплати.
Покрај кредитирањето, платежните и осигурително-брокерските услуги добија на уште поголем интензитет.
Во првата половина од 2025 година, Иуте ја прошири својата понуда за осигурување со почетокот на партнерствата со Allianz и GrECo. Приходите од овој бизнис сегмент речиси се дуплираа во однос на претходната година, придонесувајќи за диверзификација на приходните текови, дури и надминувајќи го растот од примарната кредитна дејност.
Во јуни, групацијата Иуте успешно го заврши предвременото рефинансирање на својата евро-обврзница за 2021/2026 година, додека во исто време компанијата издаде нови обврзници со висок степен на обезбедување кои доспеваат во 2030 година со вкупен обем од 140 милиони евра, надминувајќи ја почетната цел од 125 милиони евра. Новите обврзници со годишна каматна стапка од 12% беа котирани на берзите во Талин и Франкфурт.
Во јули, меѓународната рејтинг агенција Fitch Ratings го потврди долгорочниот кредитен рејтинг на Iute Group на B- со стабилна перспектива и го додели истиот рејтинг на новите обврзници за 2025/2030 година.
Голем исчекор оваа година беше доделувањето на официјална лиценца за издавање електронски пари и вршење платежни услуги на IutePay Македонија, лиценца со која Иуте Македонија го заокружува еко-системот на услуги, откако по кредитирањето како примарна дејност, неодамна влезе и во осигурително-брокерскиот пазар, со започнување на работата на Iute Safe.
Ова е уште една потврда на заложбата на групацијата и нејзините членки на имплементирање на последната технологија, дигитални решенија, брзина и флексибилност, овозможувајќи им на корисниците целосна контрола преку мобилни и онлајн платформи и обезбедување на целосно дигитални решенија за плаќања.
Иуте ќе продолжи посветено да работи на раст на активни клиенти во наредните квартали, преку вложување во капитал, технологија и експертиза, како и создавање на услуги кои ќе креираат дополнителна вредност на клиентите.
Целиот сумиран извештај и преглед е достапен тука.
Последни вести
Сите новости
Black Friday со Иуте: Купувај паметно преку iuteMarket и добиј плус 5.000 денари
Black Friday е одлична можност да го купиш она што веќе го планираш – нова технологија, апарати за домаќинство, мебел или нешто што ќе го направи секојдневието поубаво. Но, добрата зделка не се мери само според висината на попустот, туку и според тоа што навистина добиваш. За да го искористиш максимумот од Black Friday, важнопрочитај повеќе
iuteMarket
Иуте го зајакнува корпоративното управување на Iute Bank во Украина
Групацијата Иуте го зајакнува корпоративното управување на својата банка во Украина со именување Надзорен одбор составен од членови со значајно меѓународно искуство. Меѓу нив се поранешниот американски дипломат Џорџ П. Кент, поранешниот извршен директор на LHV Group, Мадис Тоомсалу и претседателот на Украинската асоцијација на финтек и иновациски компании, Ростислав Дјук. Сите именувања се одобренипрочитај повеќе
Како да го избереш вистинскиот телевизор за удобни вечери дома
Зимските вечери се создадени за добар филм, омилената серија или фудбалски натпревар во друштво на најблиските. Но, за вистинско уживање, важно е да го избереш телевизорот што најмногу одговара на твојот простор, навики и потреби. Колку голем екран ти е потребен? Дали вреди да инвестираш во QLED технологија? Kои карактеристики навистина прават разлика? Во продолжениепрочитај повеќе
Блог