Иуте Македонија, во соработка со СИГАЛ Иншуренс Груп, Allianz Partners, MediGuide, IUTE AFFINITY и АМСМ, го претставува iuteCare – нов, уникатен и целосно дигитален осигурителен производ на македонскиот пазар, креиран за корисници кои сакаат поголема сигурност при патување, практична поддршка во непредвидени ситуации и пристап до помош кога е најпотребно.
iuteCare е доброволно осигурување кое во еден пакет комбинира патничко осигурување во Европа, второ медицинско мислење од меѓународни лекари, осигурување од незгода и помош на пат. На овој начин, производот носи поинаков пристап кон осигурувањето – не само како документ што се активира при штета, туку како реална услуга за критични ситуации кои можат да се случат во странство, за време на патување, но и дома.
Во период кога граѓаните сè почесто патуваат, а непредвидените ситуации можат да создадат сериозни финансиски и организациски предизвици, iuteCare е позициониран како практично, достапно и модерно решение за поголема лична сигурност, спојувајќи ги придобивките на класично патничко осигурување со дополнителни услуги, кои вообичаено не се дел од стандардните понуди на пазарот.
Наместо повеќе одделни полиси, сложени процедури и различни провајдери, iuteCare во партнерство со глобални и локални експерти отсега ќе нуди едноставно решение: комплетна заштита преку еднократна годишна претплата во износ од 1.490 ден, без комплицирани процедури и без непотребна администрација.
Услугата е достапна преку мобилната апликација MyIute, во само неколку клика – брзо, едноставно и дигитално.
Осигурувањето се активира само еднаш и има важност од една година, со покритие за патување до 30 последователни дена за секое патување, без разлика колку пати клиентот ќе патува во рамки на годишниот период на осигурување.
Во рамки на патничкото осигурување, iuteCare обезбедува покритие за итни медицински и стоматолошки трошоци при патување, итен транспорт, загубен, оштетен или украден багаж, како и доцнење на багаж. Исто така, корисниците добиваат пристап до второ медицинско мислење од меѓународни медицински експерти, осигурување од незгода и пакет асистенција за помош на пат и шлепување до 200 евра, достапен во Северна Македонија и во сите соседни земји: Албанија, Косово, Србија, Бугарија и Грција.
„iuteCare го гледаме како следниот чекор во тоа како треба да изгледа осигурувањето за денешниот клиент: едноставно, дигитално и корисно во реални ситуации. Полисата и сите документи се достапни во Myiute мобилната апликација, а со една активација клиентот добива годишно патничко осигурување и асистенција во соработка со Allianz Partners, покритие до 30.000 евра и до 30 дена за секое поединечно патување, помош на пат преку АМСМ, второ медицинско мислење преку MediGuide и осигурување од незгода од СИГАЛ. На пазарот има добри поединечни осигурителни производи, но вредноста на iuteCare е во комбинацијата — патување, автомобил, здравствена експертиза и дигитална достапност во едно практично решение,“ посочува Борјан Колемишевски, Извршен директор на осигурително-брокерско друштво Иуте Сафе АД.
Како дополнителен бенефит за клиентите, премијата може да се плати преку опцијата „Плати подоцна“, со наменски кредит од Иуте и можност за одложено плаќање до 30 дена.
Со iuteCare, Иуте отвора ново поглавје во развојот на дигиталните осигурителни услуги и поставува нови стандарди за подостапно и помодерно корисничко искуство на домашниот пазар, прилагодено на современиот начин на живот.
Повеќе информации за продуктот и начинот на апликација се достапни тука.
Последни вести
Сите новости
Заедно за развој на е-трговијата: Шест години партнерство и нови можности преку “Buy now, pay later”
Шеста година по ред, Иуте Македонија е партнер на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, потврдувајќи ја својата континуирана посветеност на развојот на е-трговијата во земјава. Ова партнерство ја отсликува нашата верба дека развојот на посилен дигитален трговски екосистем се гради преку соработка, размена на знаења и практични решенија што одговараат на потребите на бизнисите ипрочитај повеќе
Блог
Иуте Пеј започнува со работа – iute сметка отсега достапна во апликацијата Myiute
Иуте Пеј, дел од дигиталната банкарска групација Иуте Естонија со дозвола од Народната банка на РСМ за издавање електронски пари и давање платежни услуги, официјално започна со работа. Првата услуга што им е достапна на клиентите е iute сметка – лична платежна сметка која се отвора целосно дигитално преку апликацијата MyIute, за помалку од еднапрочитај повеќе
Новости
Подготовката за зимата започнува пред првиот снег. Што треба да проверат возачите?
Навремената проверка на гумите, исправноста на автомобилот и соодветната зимска опрема се важни за побезбедно возење во студените месеци. Со добро планирање, возачите можат навреме да ги организираат потребните проверки и да ги оптимизираат сезонските трошоци. Пониските температури, дождот, утринскиот мраз и можноста за снег носат поинакви услови на патиштата. Затоа, подготовката на автомобилот непрочитај повеќе
Блог