Назад кон новости

Иуте Македонија станува партнер на Generalka Weekend и проектот Сончева Гора

Настани

Иуте Македонија станува партнер на Generalka Weekend и проектот Сончева Гора

 

Приказната која ја започнавме пред две години заедно со нашите пријатели и партнери од Man & Mountain преку иницијативата „Растеме заедно“, добива нова димензија, форма и континуитет.

Иуте Македонија официјално станува партнер на најмасовната еколошка акција во земјава – Generalka Weekend, како и на националниот проект за пошумување Сончева Гора и на тој начин се приклучува кон останатите партнери-компании и истомисленици,  во заедничката визија за подобра и позелена иднина, за нас и генерациите кои доаѓаат.

Во партнерство со преку 80 општини,  училишта, компании, илјадници граѓани и волонтери, како и со поддршка од Министерство за животна средина и просторно планирање и Министерство за образование и наука, влегуваме во една поголема, похрабра и погласна мисија.

generalka weekend

Ова партнерство не е само логичен чекор, туку природно продолжение на нашата заложба за градење гради свест и наследство – започнувајќи од спортското игралиште во Гази Баба, до зелени оази во Аеродром и многу други реализирани активности во поддршка на зелена и чиста околина.

“Минатата година инвестиравме повеќе од 100.000 евра во проекти за општествена одговорност, спорт, едукација и поддршка на ранливи категории. Дел од тие активности беа реализирани тивко, но со јасна цел – да создадеме долгорочна вредност. Веруваме дека компаниите треба да бидат двигатели на промена – не само во економијата, туку и во заедницата. Затоа денес не потпишавме само договор, туку потпишавме одговорност, пример и ветување кон идните генерации.” – вели Биљана Мишиќ, Извршен директор на Иуте Македонија.

“По две години успешни заеднички проекти, со голема радост официјално го пречекуваме Иуте во нашето семејство, како официјален партнер на GENERALKA WEEKEND, воедно и една од најиновативните компании во нашава земја, со којашто веќе неколку години делиме иста визија и заложба. Од 2021 година, повеќе од 100.000 волонтери  од 81 општина собраа повеќе од 1.500.000 килограми отпад  за време на ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД. Од 2022 година засадивме повеќе од  136.000  дрвја  во  29 општини. Сите овие плантажи се нарекуваат „СОНЧЕВА ГОРА“ и  до 2031 година, обединети со нашите партнери, ќе ја поставиме во секоја општина во нашата земја”, посочија Ханс и Гордана од Man & Mountain.

„Генералка Викенд“ е најголемата и најмоќна граѓанска еко акција во земјава, која ги поврзува институциите, граѓаните, младите, компаниите и медиумите во заедничка мисија – живот во чиста, здрава и зелена Македонија.

Со приклучувањето кон Generalka Weekend и Сончева Гора, нашата зелена приказна прераснува во движење.

Од локални акции – кон национална стратегија. Од симболика – кон системска промена.

Влегуваме во ова партнерство со ентузијазам, подготвеност и силна верба дека кога срцата се обединети во една визија, планините не се пречка – туку инспирација.

Одговорноста не е тренд. Таа е избор.

generalka weekend
generalka weekend

 

Последни вести Сите новости

Обновена технологија: паметен избор за подобар уред

Кога бараш нов телефон, едно од првите прашања е: Да купам нов или половен? Денес постои и уште една опција – обновена технологија (refurbished). Обновениот телефон или уред не е едноставно користен производ кој повторно се продава. Пред да стигне до својот нов сопственик, тој поминува низ процес на проверка, тестирање и подготовка за повторнапрочитај повеќе
Блог
iPhone обновен уред

Како BNPL го менува начинот на кој купуваме

Начинот на кој купуваме онлајн се менува. Ако порано одлуката најчесто се сведуваше на „плаќам веднаш или се откажувам“, денес новите модели на плаќање им даваат на купувачите поголема флексибилност, а на е-трговците нови можности за раст. Едно од решенијата кое сè повеќе станува дел од оваа промена е BNPL (Buy Now, Pay Later) –прочитај повеќе
Интервју
интервју

Назад на училиште или во канцеларија – обновени уреди што ги поддржуваат твоите цели

Крајот на летото секогаш носи измешани чувства. Од една страна, се збогуваме со безгрижните денови, патувањата и заслужениот одмор. Од друга страна, есента носи нова енергија, нови почетоци и можност повторно да се фокусираме на нашите цели. Без разлика дали се подготвуваш за нова учебна година, враќање во канцеларија или нови деловни предизвици, успехот најчестопрочитај повеќе
iuteMarket
iPhone обновен уред