Назад кон новости

Голема пресвртница во развојот на групацијата Иуте на меѓународните пазари на капитал

Новости
iute group

Зголемен обемот на издадени обврзници на 300 милиони евра

Иуте  успешно пласираше дополнителни 140 милиони евра од својата постојна обврзница, со што вкупниот износ на издадени обврзници достигна 300 милиони евра.

Како дигитална банкарска групација која работи на пазарите во Југоисточна Европа, Иуте соопшти дека новото пласирање е дел од стратегијата за понатамошен раст на портфолиото, проширување на пристапот до капитал за поддршка на своите активности и идни инвеститори и зајакнување на финансиската позиција.

„Нашата цел беше да обезбедиме дополнителен капитал за да продолжиме да растеме на пазарите каде што работиме и да воспоставиме петгодишна основа на нашата капитална структура во износ од 300 милиони евра. Нашите високо-приносни обврзници, котирани на берзите во Франкфурт и Nasdaq Tallinn, се усогласени со профилот на принос и времетраењето на нашето кредитно портфолио, како и со нашата амбиција да изградиме дигитална банка и финансиска супер-апликација во секоја земја каде што сме присутни. Ова претставува важна пресвртница во развојот на групацијата на меѓународните пазари на капитал. Сега привлекуваме нова категорија институционални инвеститори. Инвеститорите веруваат во нашата долгорочна стратегија за изградба на дигитална банка на секој пазар каде што работиме – и уште поважно, веруваат во ликвидноста и приносот”, изјави Тармо Силд, Извршен директор на Iute Group.

Дополнителните обврзници се очекува наскоро да бидат вклучени во постојните котации на регулираниот пазар на Франкфуртската берза (General Standard) и Балтичкиот регулиран пазар на Nasdaq Tallinn.

Обврзниците со рок на доспевање во 2030 година ќе се отплаќаат согласно постепениот амортизациски план кој започнува во третиот квартал од 2029 година. Според компанијата, кварталните отплати пред крајниот рок на достасување овозможуваат рамномерно распределување на потребите за рефинансирање и поддржуваат поефикасно управување со паричните текови.

„Благодарни сме за довербата што нѝ ја укажаа и институционалните и индивидуалните инвеститори. Особено нѝ значи што, покрај меѓународните инвеститори, и понатаму ја имаме поддршката од инвеститорите од Естонија и другите балтички земји кои веруваат во долгорочниот развој и стратегија на Иуте,“ додаде Силд.

Последни вести Сите новости

Иуте отвори нова flagship експозитура во центарот на Скопје

Иуте отвори нова flagship експозитура во центарот на Скопје – наместо шалтер, ве пречекува дневна соба   Простор во кој дигиталното искуство, финансиското советување и човечкиот контакт се спојуваат во едно. Што ако влезете во финансиска експозитура и првото нешто што ќе го забележите не е шалтер, туку кауч? Што ако наместо да чекате, седнете?прочитај повеќе
Настани
две девојки разговараат во новата експозитура на Иуте

5 причини зошто да го изберете iPhone 18 Pro Max

Барате најповолна цена за iPhone 18 Pro Max во Македонија? Најголемиот и најмоќен iPhone од најновата генерација на Apple е достапен во продажба од 18 септември 2026 година. На iuteMarket, заклучно со 20 октомври, моделот со 256 GB меморија во елегантна бордо боја е достапен по цена од 103.990 денари, со бесплатна достава и флексибилнипрочитај повеќе
iuteMarket
iPhone понуда

Иуте во фокусот на регионалната дискусија за иднината на кредитирањето на регионалната Microbalkans 2026 конференција во Скопје

По успешните изданија во Сараево и Дубровник, годинава Скопје беше домаќин на MicroBalkans 2026 | Lending Reimagined – регионална конференција која собра повеќе од 250 учесници од над 15 земји околу едно клучно прашање: како кредитирањето може да стане подигитално, поинклузивно и порелевантно за потребите на денешните клиенти и пазари? Во текот на два дена,прочитај повеќе
Настани
konferencija