iutePlus Програма за лојалност

loyality iute plus
iutePlus
Бидете дел од iute и добијте вредни награди!

Што е iutePlus програмата за лојалност?

Програмата за лојалност iutePlus е наш начин да ви се заблагодариме што го избравте iute за ваш финансиски партнер. Тоа е програма дизајнирана да го направи вашето финансиско искуство полесно. Со учество во активности како што се навремено подмирување на обврски, повторно учество како клиент на iute, секое екстерно рефинансирање на обврски, како и користење на специјални кампањи на Иуте, освојувате поени кои можете да ги размените за возбудливи награди, вклучувајќи вредносни ваучери за купување кај нашиот онлајн партнер SuperMart.

Без разлика дали управувате со вашите финансиии или користите нови услуги, iutePlus додава вредност на вашето искуство. Останете поврзани преку апликацијата Myiute, каде што можете да ги следите вашите поени, да истражувате опции за користење на поените и да бидете први кои ќе дознаат за специјалните кампањи.

Во iute, веруваме дека лојалноста на нашите корисници треба да се награди. Придружете се на iutePlus уште денес и отклучете ги наградите што ги заслужувате. Искористете ги сите предности од тоа што сте важен дел од семејството на iute. Вашата лојалност нè поттикнува да даваме повеќе – затоа што вашата лојалност е нашето најголемо богатство.

iutePlus поени

Како да напредувате во заработувањето на Plus поени!
iutePlus
Подигнете кредит и правете отплати навреме
Направете екстерно рефинансирање на обврските кон други финансиски друштва
Учествувајте со секоја нова кредитна изложеност во Иуте
Приклучете се на iutePlus промоциите

Како да го проверите вашето салдо на Plus поени и како да ги искористите?

Преземете ја Myiute app и регистрирајте се
Веќе сте Myiute корисник? Само најавете се на вашиот Myiute профил и започете
Пристапете до вашиот профил на Myiute за да ги прегледате вашите Plus поени
Следете ги заработените поени директно покрај вашето име на профилот, без потреба од дополнителни чекори!
Имајте преглед на поените за лојалност
Вашето единственo место за сè во врска со лојалноста! Управувајте со вашите поени, користете вредносни ваучери и бидете во тек – сè на едно место.
Претворете ги вашите Plus поени во вредносни ваучери
Лесно конвертирајте ги вашите Плус поени во вредносни ваучери директно преку апликацијата. Секој Плус поен има вредност од 1 денар.
Користете вредносен ваучер за шопинг
Откако вашиот вредносен ваучер биде подготвен, искористете го во нашата онлајн партнерска продавница, SuperMart, и уживајте во купувањето.

Тука сме да ви помогнеме!

Ако не можете да го пронајдете одговорот на она што ве интересира во нашите често поставувани прашања, слободно обратете ни се преку комуникацијата на чет разговор. Тука сме да ви помогнеме за сите прашања!

Како можам да се приклучам на iutePlus програмата за лојалност?

Секој може да се приклучи на iutePlus програмата за лојалност! Едноставно преземете ја апликацијата Myiute и регистрирајте се за да станете член. За да започнете со заработка на поени, треба да ги завршите трансакциите кои ви доделуваат поени. Сите корисници на Иуте автоматски ќе бидат дел од програмата за лојалност почнувајќи од 24-ти април 2025 година. Исто така корисниците ќе можат да ги прегледуваат и користат поените кои веќе ги заработиле ексклузивно преку апликацијата Myiute. За повеќе детали, посетете ја апликацијата Myiute и прочитајте ги условите и правилата на програмот Општи услови и правила на програмата. 

Како можам да заработам iutePlus поени?

Можете да заработите поени со навремено враќање на вашите кредити, со секоја нова кредитна изложеност во Иуте, со одобрено екстерно рефинансирање на обврските кон други финансиски друштва, како и учество во кампањи и промоции во даден временски период. Следете ги известувањата за да ги искористите овие можности.

Како да знам дали ги исполнувам критериумите за користење на специјални кампањи заради заработка на iutePlus поени?

Специјалните кампањи и условите за приклучување кон истите ќе бидат објавени преку апликацијата Myiute, е-пошта, СМС, телефон и веб-страницата. За да бидете сигурни дека ќе ги добиете овие известувања, проверете дали е потврдена вашата маркетинг согласност, дали се активирани известувањата во апликацијата и дали се ажурирани вашите контакт податоци.

Дали можам да заработам Плус поени за кредити исплатени пред 24-ти април 2025 година?

Не, само кредити и трансакции направени по стартната дата на програмата за лојалност ќе бидат квалификувани за остварување на поени. Сепак, ако имате постојан кредит, можете лесно да го рефинансирате со нов кредит и да заработите поени за навремена отплата. Исто така, можете да го зголемите износот на кредитот при рефинансирањето и да заработите поени и за дополнителниот износ.

Како и каде можам да ги користам iutePlus поените?

Поените од програмата за лојалност може да се искористат како вредносни ваучери во SuperMart при онлајн купување. Наскоро, нови партнери ќе бидат додадени во програмата, и со тоа ќе ви биде овозможено користење на поените во различни партнерски продавници. Поените можат да се искористат само преку апликацијата Myiute.

 

Како можам да ја проверам мојата состојба на вредносни поени?

Можете да ги видите вашите акумулирани поени од наградувањето во Myiute >> Мој профил >> iutePlus Програма за лојалност или следете го линкот.

Дали заработените поени имаат рок на важност?

Да, рокот на важност на заработените поени е 18 месеци од моментот кога се стекнати.

Зошто не добив поени за мојот кредит?

Поените од подигнат кредит се заработуваат ако отплатите се прават навреме. Покрај тоа, поени не се доделуваат за кредити со попуст, прв кредит без трошоци, производи на рати купени преку опцијата iute Smart или кредити кои се повлечени без да бидат исплатени.

 

Што ќе се случи кога ќе ми се одобри рефинансирање на кредит?

Ако кредитот се рефинансира, преостанатиот баланс се пренесува на рефинансираниот кредит по што ќе продолжите да заработувате поени за рефинансираниот износ, како и за дополнителниот износ.

 

Го затворив мојот кредит со предвремена исплата. Зошто не добив поени?

Кредитите кои се затворени предвремено не добиваат поени за предвремено исплатените рати.

 

Дали можам да ги искористам моите поени само за вредносен ваучер на SuperMart?

Во моментов, вредносните ваучери на SuperMart се единствената опција за искористување на стекнатите поените, но наскоро ќе се приклучат и други наши партнери.

 

Зошто не добив поени за мојот кредит?

iute Smart кредитите од партнерската мрежа и кредитите без трошоци не се дел од оваа програма.

Општи услови и правила

Дознајте повеќе за програмата за лојалност тука: Општи услови и правила на програмата.