Назад кон новости

Известување за лажно претставување

Разно

Почитувани,

Забележана е појава на остварување контакт со лица од Република Македонија со лажно претставување преку профил на Instagram “plati_si_go_kredito(iute credit)”. Поконкретно, лажното претставување е дека контактот е во име на ФД ИУТЕ КРЕДИТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје, а со нив испраќачите може да имаат за цел, повикувајќи се на лажниот идентитет, противправно да остварат финансиска корист и/или да приберат лични податоци коишто потоа можат да бидат злоупотребени.

Оттука, укажуваме на потребата од внимателно постапување доколку имате добиено или ако во натамошниот период добиете пораки од наведениот профил или од било кое друго лице за коишто цените дека се од сомнителен карактер, а во коишто има претставување во име на ФД ИУТЕ КРЕДИТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје. Во случај да се сомневата, укажуваме дека е потребно да ја игнорирате таквата порака и да не започнувате комуникација нити пак да дадете ваши лични податоци или ќе одговорите на барање за достава на било кој друг личен податок.

Во секое време сте добредојдени и да нè контактирате, но единствено на официјалните канали за комуникација на ФД ИУТЕ КРЕДИТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје:

Телефон: 13-333

E-адреса:

Официјални профили на социјалниte мрежи:

Facebook

Instagram

LinkedIn

 

Последни вести Сите новости

Иуте Пеј започнува со работа – iute сметка отсега достапна во апликацијата Myiute

Иуте Пеј, дел од дигиталната банкарска групација Иуте Естонија со дозвола од Народната банка на РСМ за издавање електронски пари и давање платежни услуги, официјално започна со работа. Првата услуга што им е достапна на клиентите е iute сметка – лична платежна сметка која се отвора целосно дигитално преку апликацијата MyIute, за помалку од еднапрочитај повеќе
Новости
iutepay

Подготовката за зимата започнува пред првиот снег. Што треба да проверат возачите?

Навремената проверка на гумите, исправноста на автомобилот и соодветната зимска опрема се важни за побезбедно возење во студените месеци. Со добро планирање, возачите можат навреме да ги организираат потребните проверки и да ги оптимизираат сезонските трошоци. Пониските температури, дождот, утринскиот мраз и можноста за снег носат поинакви услови на патиштата. Затоа, подготовката на автомобилот непрочитај повеќе
Блог
авто гуми и возило

Летното тело се гради на есен: План за вежбање дома | iuteMarket

Летната форма не се создава преку ноќ, ниту само неколку недели пред летниот одмор. Таа се гради постепено, во текот на есента и зимата, кога деновите стануваат пократки, времето е постудено, а мотивацијата за тренинг често опаѓа.  Ако започнете со едноставна рутина за вежбање дома уште сега, до следното лето ќе имате месеци континуирана активностпрочитај повеќе
Блог
iuteMarket traka za vezbanje