Назад кон новости

НН Групацијата Иуте доби државен тендер во Украина и официјално регулаторно одобрување од Народната Банка на Украина за основање на дигитална банка

Настани

ПН IuteBank ќе биде изградена од темел како целосно лиценцирана дигитална банка под надзор на Народната Банка на Украина

 

Групацијата Иуте – дигитална банкарска групација основана во Естонија под чијашто капа работи Иуте Македонија, го доби државниот тендер во Украина за преземање на средства и депозитни обврски на RWS Bank Украина, банка со повеќе од 30 години историја која во минатото беше дел од Swedbank групацијата, со што официјално го означува својот влез на украинскиот пазар и отпочнување на процесот за основање целосно дигитална банка, по добиеното официјалното регулаторно одобрување.

IuteBank ќе биде основана како целосно лиценцирана дигитална банка, изградена од темел и под супервизија на Народната Банка на Украина. Вкупната инвестиција на Иуте во Украина ќе изнесува 15 милиони евра, додека финализирањето на трансакцијата, вклучително и преносот на околу 13.000 клиенти, се очекува да биде спроведено до крајот на месецов.

 

Според Извршниот директор на групацијата, Тармо Силд, овој чекор е дел од долгорочната стратегија на групацијата за поставување на темелите на дигитална банка, при што географската експанзија претставува природна еволуција на бизнисот.

„Влезот во Украина се темели на нашата доверба во иднината на земјата и нејзината интеграција во европскиот економски простор. Украина ја гледаме како значајна можност за раст – и за Иуте и за Европа. Војната ја трансформираше земјата во еден од најдигитализираните финансиски пазари, со шеста најголема популација во Европа и со значајна промена во националниот менталитет. Верувам дека Украина ќе го предводи растот во следните пет години, благодарение на храброста на нејзиниот народ,“ изјави Силд.

 

„IuteBank ја градиме од почеток – преземаме внимателно селектирани средства и соодветни депозитни обврски од RWS Bank. Овој пристап резултира со ниска почетна актива, под 10 милиони евра,“ појасни Силд.

Новата банка ќе работи под името IuteBank и ќе биде под супервизија на Народната Банка на Украина, со целосна банкарска лиценца што овозможува нудење на основни банкарски услуги за физички и правни лица, вклучувајќи сметки, картички, депозити, кредити, плаќања, девизно работење, како и готовински и клиринг услуги.

 

IuteBank ќе ја предводи Артур Муравицки, искусен банкарски професионалец од Украина со повеќе од 22 години искуство во финансискиот сектор. Според Муравицки, фокусот е на изградба на целосно дигитална банка уште од првиот ден.

„Следните чекори вклучуваат докапитализација на банката, формирање на клучниот тим и исполнување на сите барања на Народната Банка на Украина за започнување со редовно работење. Од самиот почеток, процесот е поддржан од Фондот за гарантирање на депозити и од Националната банка на Украина, чија соработка беше од суштинско значење за напредокот на проектот,“ изјави Муравицки.

 

Во првата година, фокусот ќе биде ставен на лансирање на дигиталната апликација и клучните финансиски производи, како и на иницијално привлекување клиенти. Во следната фаза, банката ќе се насочи кон еволуирање на бизнисот, зголемување на обемот и проширување на понудата на производи и услуги.

 

Иуте нагласува дека експанзијата во Украина се спроведува со истата дисциплина во управувањето со ризикот, како и на сите други пазари на кои групацијата е присутна.

„Ризиците во Украина ги третираме на ист начин како и во секоја друга земја. Поставивме внатрешен праг според кој вкупната инвестиција во Украина нема да надмине 15 милиони евра, сè додека не се постигнат одредени прагови на приходи и профитабилност и додека не заврши војната. За 2026 година, очекуваме нето-загубата на банката да не надмине 3 милиони евра,“ додаде Силд.

Започнува ново поглавје за групацијата Иуте и сите земји подружници.

 

Последни вести Сите новости

Обновена технологија: паметен избор за подобар уред

Кога бараш нов телефон, едно од првите прашања е: Да купам нов или половен? Денес постои и уште една опција – обновена технологија (refurbished). Обновениот телефон или уред не е едноставно користен производ кој повторно се продава. Пред да стигне до својот нов сопственик, тој поминува низ процес на проверка, тестирање и подготовка за повторнапрочитај повеќе
Блог
iPhone обновен уред

Како BNPL го менува начинот на кој купуваме

Начинот на кој купуваме онлајн се менува. Ако порано одлуката најчесто се сведуваше на „плаќам веднаш или се откажувам“, денес новите модели на плаќање им даваат на купувачите поголема флексибилност, а на е-трговците нови можности за раст. Едно од решенијата кое сè повеќе станува дел од оваа промена е BNPL (Buy Now, Pay Later) –прочитај повеќе
Интервју
интервју

Назад на училиште или во канцеларија – обновени уреди што ги поддржуваат твоите цели

Крајот на летото секогаш носи измешани чувства. Од една страна, се збогуваме со безгрижните денови, патувањата и заслужениот одмор. Од друга страна, есента носи нова енергија, нови почетоци и можност повторно да се фокусираме на нашите цели. Без разлика дали се подготвуваш за нова учебна година, враќање во канцеларија или нови деловни предизвици, успехот најчестопрочитај повеќе
iuteMarket
iPhone обновен уред