Овластен сметководител

Доколку сте заинтересирани за овој оглас испратете ја Вашата биографија на

Иуте Македонија е дел од естонската дигитална банкарска групација Иуте – групација која го редефинира начинот на управување со личните финансии, плаќањата и осигурувањето низ Југоисточна Европа преку технологија, иновации и паметни дигитални решенија.

Ние не следиме трендови. Ги создаваме.

Бараме личност која ќе ја гради следната фаза од нашиот раст:

Овластен сметководител

Твојата мисија

Водење и контрола на финансиска евиденција, изготвување финансиски извештаи и грижа за усогласеност со законските прописи. Анализирање податоци, подготвување даночни пресметки и давање совети за финансиско управување. Твојата работа е клучна за точноста и транспарентноста на финансиското работење.

Што ќе движиш?

Комплетно ќе го водиш сметководствено работење и контрола на истото.

Ќе вршиш прием и контрола на сметководствена документација и спроведување на навремени и точни книговодствени процеси во главната книга во согласност со законските прописи, интерни процедури и сметководствени стандарди (МСС/МСФИ).

Навремено и точно пресметување, евидентирање и плаќање на даночни обврски на компанијата во согласност со законските прописи (ДДВ, данок на добивка и персонален данок).

Реализација на банкарски налози за плаќање на фактури и останати плаќања, како и обезбедување точни и навремени информации и извештаи за парични текови.

Периодично усогласување и контрола на состојбите во главна книга и аналитичка евиденција.

Подготовка на завршна сметка, финансиски извештаи, статистички  и останати извештаи до соодветните регулаторни тела и до раководството на компанијата.

Следење на законски прописи и нивна примена во работењето, како и воспоставување и контрола на интерни сметководствени процедури.

Комуникација со релевантни институции.

Подготовка за ревизија, комуникација со ревизори и обезбедување на целосна и точна документација во процесот на ревизија.

Кого бараме?

✔ Да имаш најмалку 5 години работно искуство во областа на сметководство.

✔ Имаш универзитетско образование.

✔ Искуство во финансиски сектор? Плус.

✔ Работа во Dynamics 356 ќе се смета за предност.

✔ Сертификат за овластен сметководител.

✔ Одлично познавање на финансиската и даночна регулатива во земјата како и интернационалните финансиски и сметководствени стандарди.

✔ Одлично познавање на Англискиот јазик.

✔ Напредни MS office компјутерски вештини.

✔ Вештини за подготвување извештаи.

Што добиваш?

-Работа во една од најбрзо растечките дигитални банкарски групации во регионот.

-Меѓународна средина и директна соработка со тимови низ различни пазари.

-Простор за идеи, иницијативи и вистинско влијание.

-Континуиран развој, учење и професионален раст.

-Подароци за родендени, годишнини и важни животни моменти.

-Тимбилдинзи во земјата и странство.

-Спортски активности.

-Дополнителни здравствени прегледи.

Ако веруваш дека иднината на финансиските услуги се гради преку напредок, технологија и дигитален развој– време е да се запознаеме.

📅 Аплицирај до: 07 јули 2026
📧 Испрати CV на:
✉️ Назнака: Овластен сметководител

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани. Сите апликации ќе се третираат доверливо.

Испратете го вашето CV

"(задолжително)" indicates required fields

This field is for validation purposes and should be left unchanged.
Прикачете CV (задолжително)