Назад кон новости

Преку едукација и информираност до заштита на личните податоци и спречување на интернет злоупотреби

Новости
заштита на личните податоци

Онлајн купувањето и можностите за инвестирање добиваат се поголем замав во изминативе години, особено со напредната технологија и дополнителните безбедносни мерки, но за жал интернет измамите колку и да се намалени на број, не изостануваат. Најчесто станува збор за случаи каде што клиентите се наведени да пристапат кон линкови од непроверени сајтови кои се рекламираат како интернет продавници или како можности за инвестирање и брзи заработки, и да ги остават своите податоци таму, а во одредени случаи и се наведуваат да извршат уплати на парични средства.

Во изминатиов месец таков случај е забележан со платформа Конти, која се покажа дека е пирамидална шема.

Како да се заштитите и што да направите во случај на интернет кражба!

-Секогаш проверувајте го url-то на сајтот од каде што имате намера да купувате или инвестирате. Доколку ви делува сомнително, на https://whois.net/ можете да проверите дали таа страна е официјално хостирана, односно дека информацијата и трговецот се проверени, особено ако тој продавач работи само онлајн.

-Доколку на сајтот не се наведени контакт податоци за компанијата, не ризикувајте и осигурајте се дека сте направиле проверка пред да продолжите понатаму.

-Државно тело кое го регулира пазарот за хартии од вредност е Комисијата за хартии од вредност https://sec.gov.mk/ каде можат да се проверат сите лиценцирани физички и правни лица кои легално работат во индустријата.

-Се препорачува да не купувате онлајн преку отворена или небезбедна wifi мрежа, затоа што е возможно тие податоци да бидат достапни до трети лица.

-Доколку сепак сте станале жртва на измама и сте ги внеле вашите податоци на лажен линк, истите се компромитирани и треба веднаш случајот да го пријавите во полиција.

Купувајте исклучиво преку проверени продавници

Иуте во моментов располага со мрежа од над 500 партнери и преку 850 продажни места, како и повеќе од 100 интегрирани е-продавници, преку кои на нашите клиенти преку моделот “Купи сега плати подоцна” им овозможивме не само подобрено шопинг искуство со физичко присуство, туку и опција истото да го направат онлајн, од удобноста на своите домови.

Нашиот фокус секогаш ќе биде безбедноста на клиентите, затоа посветуваме многу време и ресурси на севкупната безбедност на процедурата, процесот на идентификација, и секако изборот на партнери и соработници кои ги додаваме во нашата мрежа.

Исто така имајте на ум дека Иуте не е кредитен посредник на странски фирми, работиме исклучиво со домашни реномирани компании.

Целата партнерска мрежа е достапна јавно на нашиот веб, а повеќе информации можете да добиете во директен контакт со нашите советници и контакт центарот на 13 333, преку на мејл на , или преку вибер пристап овозможен директно од нашата веб страна.

 

Последни вести Сите новости

Иуте отвори нова flagship експозитура во центарот на Скопје

Иуте отвори нова flagship експозитура во центарот на Скопје – наместо шалтер, ве пречекува дневна соба   Простор во кој дигиталното искуство, финансиското советување и човечкиот контакт се спојуваат во едно. Што ако влезете во финансиска експозитура и првото нешто што ќе го забележите не е шалтер, туку кауч? Што ако наместо да чекате, седнете?прочитај повеќе
Настани
две девојки разговараат во новата експозитура на Иуте

5 причини зошто да го изберете iPhone 18 Pro Max

Барате најповолна цена за iPhone 18 Pro Max во Македонија? Најголемиот и најмоќен iPhone од најновата генерација на Apple е достапен во продажба од 18 септември 2026 година. На iuteMarket, заклучно со 20 октомври, моделот со 256 GB меморија во елегантна бордо боја е достапен по цена од 103.990 денари, со бесплатна достава и флексибилнипрочитај повеќе
iuteMarket
iPhone понуда

Иуте во фокусот на регионалната дискусија за иднината на кредитирањето на регионалната Microbalkans 2026 конференција во Скопје

По успешните изданија во Сараево и Дубровник, годинава Скопје беше домаќин на MicroBalkans 2026 | Lending Reimagined – регионална конференција која собра повеќе од 250 учесници од над 15 земји околу едно клучно прашање: како кредитирањето може да стане подигитално, поинклузивно и порелевантно за потребите на денешните клиенти и пазари? Во текот на два дена,прочитај повеќе
Настани
konferencija