Назад кон новости

За првпат кај нас, започнува неделата на онлајн купувања и најголеми досега попусти на Иуте и партнерите

Новости

Иуте гордо го најавува почетокот на Click Week, првата недела посветена на онлајн купување во нашата земја, овозможувајќи им на купувачите можности за дополнителна заштеда, попусти и користење на придобивките од иновативниот и флексибилен модел на плаќање на рати на Иуте “Купи сега, плати подоцна”.

Станува збор за светски признаен модел кој веќе го зазема својот примат на пазаров, како наједноставен и најсигурен начин за купување на рати без скриени трошоци.

Во рамки на неделата на трговијата, ќе бидат достапни производи во 15 различни категории, и тоа мебел, бела техника, фитнес и спортска опрема, мобилна галантерија, накит  и часовници, мотори, скутери, гуми и многу други.

Производите ќе можат да се купат преку Иуте на рати, и тоа со дополнителни 1.000 ден попуст, вкалкулирани веднаш во кошничката, или пак 10% дополнителен попуст.

Активацијата се прави со внес на кодот iute10 или iute1000, во наведеното поле на сајтот на партнерот каде што се наоѓа избраниот производ. Онлајн попустите ќе траат од 18.03. до 24.03. и ќе важат за секое купување над 10.000 денари, додека целосната понуда на производи и партнерска мрежа можете да ја најдете тука.

Со мрежа од над 100 е-продавници, Иуте веќе станува прв избор на купувачите, од аспект на доверба, лојалност, безбедност и модел кој овозможува планирање на буџетот онака како што ним им одговара.

Иуте Македонија, како дел од групацијата Иуте Естонија, веќе одамна ја докажа својата посветеност кон дигитализација, иновации и напредни технологии, особено кога станува збор за е-трговијата, црпејќи искуство од Естонска групација која е дигитално најнапредна земја во Европа, како и адаптација на тие дигитални трендови на локалните потреби и барања клиентите.

Како компанија која е лидер на финтек пазарот во дигитална трансформација, Иуте вели дека ова е година на Е-трговијата. Својата детерминираност и заложба за поместување на границите на е-трговијата Иуте Македонија ја потврди и со учеството на најголемата конференција за Е-трговија во државава која се одржа изминативе денови, каде што Иуте беше златен партнер, потврдувајќи ја заложбата за придонес кон развој на е-бизнисите и процесите во државава.

Не се откажувајте од важите желби и соништа, бидете паметни купувачи.

Целата понуда на производи и мрежа на партнери можете да ја погледнете тука.

Последни вести Сите новости

Домашна асистенција вклучена во новиот промотивен кредит за реновирање

Иуте Македонија во партнерство со ORYX Assistance воведува нов стандард за корисниците Домашна асистенција вклучена во новиот промотивен кредит за реновирање Иуте Македонија ја промовираше својата нова пролетна понуда за кредит за реновирање, наменета за сите кои сакаат да го реновираат или освежат својот дом со флексибилно, брзо и паметно финансирање, дополнето со уникатен бенефитпрочитај повеќе
Блог
кредит за реновирање

Дигитално по дефиниција. Одговорно по избор.

Биљана Мишиќ, извршен директор на Иуте Македонија – За финтекот како инфраструктура, лидерството како дисциплина и растот кој не е случајност   Од кога делувате на македонскиот пазар, кои се спецификите на компанијата и колку се присутни дигитализацијата и ВИ во вашето работење? Иуте Македонија е присутна на пазарот од 2017 година, како финтек платформапрочитај повеќе
Интервју

Иуте Македонија носи европски здравствен стандард – за првпат во земјава се воведува второ медицинско мислење

Услугата за второ медицинско мислење, која со години претставува стандардна пракса во европските земји, отсега станува достапна и за сите наши граѓани како дополнителен бенефит во рамки на осигурувањето „Ризико Плус“ за кредитокорисниците на Иуте Македонија. Истата се нуди во партнерство со Друштвото за животно осигурување СИГАЛ Лајф АД Скопје и претставува надградба на основниотпрочитај повеќе
Новости
второ медицинско мислење