За доставување извештај од Македонско кредитно биро АД Скопје (МКБ) и за проверка на лични податоци во бази на податоци со цел за воспсотавување деловен однос и барања за кредит
Давам согласност на Финансиско друштво ИУТЕ КРЕДИТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје
– за повеќекратно добивање извештај за фактичката состојба на мојата кредитна историја и останати обврски, приходи и вработување, исклучиво за горенаведената цел и за времетраењето од најмногу пет (5) години од воспоставување на деловниот однос и
– да ги користи моите лични податоци со цел да врши проверка или верификација, односно да провери дали сум сопственик на доставената од мене трансакциска сметка преку проверка во КИБС АД Скопје, како и да врши проверка или верификација и во други бази на податоци за целите на воспоставување на деловниот однос, а согласно со законите и интерните акти на Друштвото.
Запознат/а сум дека:
МКБ може да подготви и достави извештај на Корисник на податоци само со моја претходна писмена согласност.
Имам право на увид во податоците кои се водат во МКБ, како и да ја оспорам точноста и целосноста на кој било податок содржан во извештајот.
МКБ не носи одговорност заради податоците содржани во извештајот или за каква било неповолна активност преземена од Корисникот на податоци спрема мене, заснована целосно или делумно на извештајот, освен во случај на доставување на лажни информации со цел да ми наштети мене или на давателот на податоци или на корисникот на податоци.
МКБ ги брише моите податоци по изминување на 5 години од исплата на обврската или затворање на сметката.
Имам право со писмена изјава да ја повлечам оваа согласност.