Назад кон новости

Дигитална инклузија за сите

Настани

Иуте се приклучи на мисијата на “Донирај компјутер” и донираше компјутерска опрема

Денес се дружевме со драги и хумани луѓе од Донирај компјутер, кои успејаа една обична идеја пред 5 години поправајќи компјутери за социјално-загрозени семејства да претворат во општествена иницијатива со големи размери и импакт.

Иуте официјално се приклучи на нивната иницијатива со донација од преку 45 парчиња компјутерска опрема, кои наскоро ќе го најдат своето место онаму каде што е најпотребно.

За нивната работа и општествен придонес знаеме веќе одамна, а благодарејќи на нивната заложба и добрата волја на поединци и компании, досега над 3000 компјутери беа донирани на социјално-загрозени семејства, а дополнително се опремени десетици училници и општини со потребната компјутерска опрема.

Преку дигитална инклузија на децата, ги поставуваме столбовите на идните општествени позитивни промени. За подобро образование и еднаков пристап до ресурси за сите.

Само со заеднички сили можеме да овозможиме подобро образование и пристап до дигиталните ресурси до секој што има потреба.

Како компанија, веруваме дека еднаквиот пристап до технологија е клучен чекор кон еднакво образование за сите и поеднаков пристап до дигиталните технологии. На тој начин помагаме да се затвори јазот, особено кога станува збор за ранливите категории.

Секој најмал исчекор е важен, особено гледајќи ја големата слика.

Благодарност до целиот наш Иуте тим кој учествуваше во организацијата и секако до Борче Стаменов и целата негов екипа за несебичната посветеност кон мисијата.

Последни вести Сите новости

Успехот на секој од нас е успех за целата компанија

„Иуте“ веќе деветта година успешно и стабилно опстојува на домашниот пазар, додека во компанијата има сѐ повеќе вработени кои се дел од „Иуте“ клубот 5 – со повеќе од 5 години работно искуство. Еден од нив е Никола Илиќ, од неодамна обучувач за корисничко искуство и одличен пример како индивидуалниот раст и напредок оди вопрочитај повеќе
Интервју

Иуте ја проширува понудата на платежни услуги, лиценцирајќи институција за електронски пари на Европскиот пазар

Естонската групација Иуте, под чијашто капа работи Иуте Македонија, го проширува својот обем на делување во делот на платежните услуги и издавањето на електронски пари, со добиената лиценца за започнување со работа на IutePay во Бугарија, доделена од страна на Бугарската Народна Банка. Истото претставува голем исчекор, овозможувајќи ѝ на групацијата да ги прошири своитепрочитај повеќе
Новости

Празничен оптимизам во пресрет на новите предизвици преку здрав раст, етичко и одговорно работење

Се приближуваме кон крајот на годината со многу причини за гордост. Кога велиме горди, не алудираме само на нашите достигнувања и резултати, туку пред се на нашите принципи, вредности и етичко работење. Пред сѐ, ги поздравуваме овогодинешните регулаторни измени, кои значително придонесоа за донесување на етички одлуки во индустријата, одговорно и поконзервативно финансирање, како ипрочитај повеќе
Интервју