Иуте ја имаше честа да стане официјален партнер на македонската билијард Федерација, во пресрет на Европското Првенство во Словенија кое ќе се одржи 8ми до 17 јули во Потчетрек.
Им посакуваме среќен пат и многу успех на четири наши репрезентативци кои ќе нé претставуваат во три различни категории:
Христо Василевски – актуелен државен сениорски првак, Владимир Ѓорѓиески – претставник во сениорска конкуренција во категоријата „спортисти со хендикеп“ кој за првпат ќе настапи на европско првенство, како и младинците Андреј Ѓурчиновски и Илија Димовски, со прво односно второ место во младинската категорија во А дивизија.
Соработката со Националната Федерација за билјард дојде како резултат на желбата на компанијата да им помогне на исклучително талентирарани и посветени момчиња, кои живеат за реализирање на својот сон и медали, како и да се даде поддршка на овој спорт кој доживува рапиден развој.
Иуте отвори нова flagship експозитура во центарот на Скопје
5 причини зошто да го изберете iPhone 18 Pro Max
Иуте во фокусот на регионалната дискусија за иднината на кредитирањето на регионалната Microbalkans 2026 конференција во Скопје