Назад кон новости

Иуте Македонија носи европски здравствен стандард – за првпат во земјава се воведува второ медицинско мислење

Новости
второ медицинско мислење

Услугата за второ медицинско мислење, која со години претставува стандардна пракса во европските земји, отсега станува достапна и за сите наши граѓани како дополнителен бенефит во рамки на осигурувањето „Ризико Плус“ за кредитокорисниците на Иуте Македонија.

Истата се нуди во партнерство со Друштвото за животно осигурување СИГАЛ Лајф АД Скопје и претставува надградба на основниот пакет, обезбедувајќи им на клиентите уште поголема сигурност и сеопфатна заштита.

Со оваа услуга клиентите ќе добијат дополнителна сигурност кога здравјето е најважно, односно:

  • Потврда или ревизија на постоечка дијагноза;
  • Стручна проценка на предложениот план за лекување од независни врвни медицински експерти;
  • Препорака за алтернативни и поефикасни терапии;
  • Мир и сигурност при носење важни здравствени одлуки.

Проектот e реализиран во соработка со MediGuide – светски признаен лидер за Second Medical Opinion, со повеќе од 25 години искуство и широка мрежа на водечки медицински центри ширум светот, во партнерство со СИГАЛ Лајф Осигурување, осигурително-брокерско друштво Иуте Сафе АД Скопје и Iute Affinity – интернационална платформа за дигитални и иновативни осигурителни решенија, дел од Iute Group, која ги поврзува најдобрите светски практики со локалните пазари.

Услугата е без ограничувања на возраст, без период на чекање и со можност за повеќекратно користење – токму како што е воспоставена и во најразвиените европски здравствени системи.

Второто медицинско мислење е целосно дигитална услуга, базирана на дигитален, едноставен и транспарентен – без административни бариери и без дополнителен стрес за клиентите, директно од удобноста на домот.

Поднесувањето на барањето, доставата на медицинска документација и комуникацијата се реализираат преку современа дигитална платформа iuteAffinityPortal, а потоа случајот го превзема глобалниот провајдер MediGuide, кој понатаму го споделува до соодветни светски медицински специјалити, во зависност од дијагнозата.Со Второто медицинско мислење, Иуте Македонија, заедно со СИГАЛ Лајф Осигурување, поставуваат нов стандард и целосно нов пристап кон здравствената и финансиската сигурност, покажувајќи како изгледа одговорна, современа и човечки ориентирана финансиска услуга.

Ова е јасна порака дека модерното кредитирање не се мери само во услови и каматни стапки, туку и во вистинска грижа за животот, здравјето и иднината на клиентите.

Проектот претставува спој на глобална медицинска експертиза, дигитална технологија и осигурителна заштита — ретка и исклучително важна новина за македонските граѓани.

Целата процедура, услови на користење и начин на активирање на услугата се достапни  тука.

 

 

 

Последни вести Сите новости

Обновена технологија: паметен избор за подобар уред

Кога бараш нов телефон, едно од првите прашања е: Да купам нов или половен? Денес постои и уште една опција – обновена технологија (refurbished). Обновениот телефон или уред не е едноставно користен производ кој повторно се продава. Пред да стигне до својот нов сопственик, тој поминува низ процес на проверка, тестирање и подготовка за повторнапрочитај повеќе
Блог
iPhone обновен уред

Како BNPL го менува начинот на кој купуваме

Начинот на кој купуваме онлајн се менува. Ако порано одлуката најчесто се сведуваше на „плаќам веднаш или се откажувам“, денес новите модели на плаќање им даваат на купувачите поголема флексибилност, а на е-трговците нови можности за раст. Едно од решенијата кое сè повеќе станува дел од оваа промена е BNPL (Buy Now, Pay Later) –прочитај повеќе
Интервју
интервју

Назад на училиште или во канцеларија – обновени уреди што ги поддржуваат твоите цели

Крајот на летото секогаш носи измешани чувства. Од една страна, се збогуваме со безгрижните денови, патувањата и заслужениот одмор. Од друга страна, есента носи нова енергија, нови почетоци и можност повторно да се фокусираме на нашите цели. Без разлика дали се подготвуваш за нова учебна година, враќање во канцеларија или нови деловни предизвици, успехот најчестопрочитај повеќе
iuteMarket
iPhone обновен уред