Назад кон новости

Iute официјално влегува на осигурително-брокерската сцена

Новости

Iute официјално влегува на осигурително-брокерската сцена преку докажана меѓународна експертиза и напредна иновативна технологија

 

Со добиеното решение за вршење на осигурително-брокерски работи издадено од Агенцијата за супервизија и осигурување, официјално започна со работа Iute Safe.

Како дел од од мултинационалната естонска групација Iute Group AS – една од најбрзо-растечките компании во Европа, под чијашто капа работи и Iute Macedonia, Иуте Сафе АД Скопје отсега па натаму ќе биде посредник за осигурителни полиси во сите класи на осигурување, вклучувајќи не-животно и животно осигурување.

“Iute Safe е продолжение на една убава приказна која започна со Iute пред 8 години и групацијата од Естонија која постои повеќе од 16 години, чиешто искуство, докажана експертиза и уникатни предности ќе ни овозможат да бидеме секогаш чекор напред во делот на користење на иновативни процеси и врвна технологија и секако, дополнителни бенефиции за нашите клиенти и овозможување на пристап до секаков вид на полиси за осигурување, со можност за отплата на рати ”- вели Борјан Колемишевски, Генерален Директор на Iute Safe.

Целта на Iute Safe ќе биде да обезбеди најдобри понуди за осигурување на пазарот, преку стратешки партнерства со реномирани и докажани осигурителни компании, развиена продажна мрежа, персонализиран пристап и конкурентни цени. Како дел од групацијата, со веќе докажан кредибилитет, Iute Safe ќе понуди на пазарот еден нов свеж модел и пристап кон клиентите, потпирајќи се на интернационална докажана експертиза и локален искусен тим од докажани професионалци во областа.

Како уникатно обележје, компанијата ќе ја има можноста да бенефицира од сите досега веќе имплементирани алатки, апликации и напредни дигитални решенија, во функција на целосна дигитализација на процесот, од апликација до потпишување.

По повод официјалното влегување на пазарот, Iute Safe промовираше специјална понуда за патничко осигурување со валидност од 1 година, покритие до 90 дена во годината, и тоа по цена за 30 дена,  без франшиза и овозможена 24/7 асистенција за помош. Повеќе информации се достапни на нашата веб страница.

Последни вести Сите новости

Иуте го зајакнува корпоративното управување на Iute Bank во Украина

Групацијата Иуте го зајакнува корпоративното управување на својата банка во Украина со именување Надзорен одбор составен од членови со значајно меѓународно искуство. Меѓу нив се поранешниот американски дипломат Џорџ П. Кент, поранешниот извршен директор на LHV Group, Мадис Тоомсалу и претседателот на Украинската асоцијација на финтек и иновациски компании, Ростислав Дјук. Сите именувања се одобренипрочитај повеќе

Како да го избереш вистинскиот телевизор за удобни вечери дома

Зимските вечери се создадени за добар филм, омилената серија или фудбалски натпревар во друштво на најблиските. Но, за вистинско уживање, важно е да го избереш телевизорот што најмногу одговара на твојот простор, навики и потреби.  Колку голем екран ти е потребен? Дали вреди да инвестираш во QLED технологија? Kои карактеристики навистина прават разлика?  Во продолжениепрочитај повеќе
Блог
смарт телевизор

Заедно за развој на е-трговијата: Шест години партнерство и нови можности преку “Buy now, pay later”

Шеста година по ред, Иуте Македонија е партнер на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, потврдувајќи ја својата континуирана посветеност на развојот на е-трговијата во земјава. Ова партнерство ја отсликува нашата верба дека развојот на посилен дигитален трговски екосистем се гради преку соработка, размена на знаења и практични решенија што одговараат на потребите на бизнисите ипрочитај повеќе
Блог
nikolaj zenevitc