Назад кон новости

Преку едукација и информираност до заштита на личните податоци и спречување на интернет злоупотреби

Новости
интернет злоупотреби

Изминатиов период од страна на Министерството за внатрешни работи беше забележана зголемена активност на измамнички активности од лица кои претставувајќи се како финансиски советници најчесто нудат услуги за тргување со криптовалути.

Како што се вели во официјалното соопштение од МВР, најчесто измамниците пристапуваат преку лажни профили на социјалните мрежи ветувајќи брза заработка, убедувајќи ги жртвите да инсталираат софтвер или да пристапат до лажни платформи или линкови.

Како одговорна и етичка компанија, воедно и единствено финансиско друштво кое овозможува целосен дигитален процес на услугите, Иуте првенствено вложува значајни ресурси во имплементирање на најсовремени технолошки решенија со цел заштита на личните податоци и спречување на измами и измамнички шеми, а истовремено посветува многу време на едукација на клиентите за како да постапат во вакви случаи.

Иуте неодамна во партнерство со Евротруст интегрираше регистрирана електронска шема како зајакнат безбедносен механизам кој освен унапредено корисничко искуство, поголема флексибилност и едноставност во користењето, овозможува и дополнителна сигурност на целиот процес.

Понатаму, како компанија која инвестира во дигитална трансформација и напредни иновативни решенија особено во делот на информатичка сигурност, користиме и двофакторски систем за автентификација кој претставува дополнителен безбедносен филтер во борба против злоупотреби и измами.

Исто така сметаме дека наша одговорност е истите совети и препораки за внимателност да ги споделиме и со пошироката јавност, а истовремено корисниците на услугите доследно да ги следат и почитуваат:

-Никогаш не пристапувајте и не оставајте податоци на линкови од непроверени сајтови и не спуштајте апликации кои се рекламираат како интернет продавници или како можности за инвестирање и брзи заработки.

-Секогаш проверувајте ја адресата на сајтот од каде што имате намера да купувате или инвестирате. Доколку ви делува сомнително, на https://www.whois.com можете да проверите дали таа страна е официјално хостирана, односно дека информацијата и трговецот се проверени, особено ако тој продавач работи само онлајн.

-Доколку на сајтот не се наведени контакт податоци за компанијата, не ризикувајте и осигурајте се дека сте направиле проверка пред да продолжите понатаму.

-Државно тело кое го регулира пазарот за хартии од вредност е Комисијата за хартии од вредност https://sec.gov.mk/ каде можат да се проверат сите лиценцирани физички и правни лица кои легално работат во индустријата.

-Се препорачува да не купувате онлајн преку отворена или небезбедна wi-fi мрежа, затоа што е возможно тие податоци да бидат достапни до трети лица.

-Кога станува збор за онлајн купување, секогаш купувајте исклучиво од проверени продавници

-Исто така имајте на ум дека Иуте не е кредитен посредник на странски фирми, работиме исклучиво со домашни реномирани компании.

-Доколку сепак сте станале жртва на измама и сте ги внеле вашите податоци на лажен линк, истите се компромитирани и треба веднаш случајот да го пријавите во полиција, каде што секторот за компјутерски криминал ќе ги превземе потребните мерки.

Сите информации се јавно достапни на нашиот веб, додека нашиот тим на советници е достапен за секаков тип на информации на 13 333, преку на мејл на , или преку вибер пристап овозможен директно од нашата веб страна.

 

 

 

 

Последни вести Сите новости

Обновена технологија – паметен избор што сè повеќе луѓе го прават

Кога сме во потрага по нов телефон, лаптоп или гејмерска конзола, најчесто мислиме дека единствена опција е да купиме сосема нов уред. Но, сè повеќе корисници во Европа избираат поинакво решение – професионално обновени (refurbished) уреди.   Што значи „обновен уред“? Обновен (refurbished)  уред е претходно користен уред кој професионално е проверен, тестиран, исчистен ипрочитај повеќе
Блог
Две девојки прават селфи на IPhone

Купувањето станува поедноставно, подостапно и попаметно – Иуте ја лансира iute Market, новата онлајн продавница во Myiute

Ново дигитално шопинг искуство – сè што ви треба на едно место  Купувањето денес не е само избор на производ – туку целосно искуство кое треба да биде едноставно, брзо и прилагодено на потребите на корисникот. Токму тоа го носи iute Market – новата интегрирана онлајн продавница во рамки на MyIute апликацијата, развиена во соработкапрочитај повеќе
Новости
iute Market

Иднината на дигиталните плаќања доби нови автори – Иуте ги прогласи победниците на IutePay студентскиот иновациски предизвик

Како изгледа иднината на дигиталните плаќања кога идеите ги создаваат младите генерации? Одговорот го дадоа студентите кои беа дел од првиот IutePay студентски иновациси предизвик– иницијатива на Иуте Македонија која ги поврза академската заедница и индустријата, отворајќи простор младите да креираат решенија за реални бизнис предизвици. Во изминативе недели, студентски тимови од повеќе високо-образовни институциипрочитај повеќе
Настани
iutePay предизвик