Назад кон новости

Розов октомври во Иуте

Разно
розов октомври

Преку едукација и подигање на свеста, до навремена дијагноза и одговорност кон сопственото здравје

Со почетокот на октомври започна и глобалната кампања за борба против ракот на дојка, која има за цел масовно да едуцира и да повика на самосвест, навремени прегледи и одговорност, како кон себе, така и кон другите околу нас, не само во октомври туку низ целата година.

Подигнување на свесноста за болеста и раното откривање се од суштинско значење, особено со оглед на тоа дека ракот на дојка е првата најчеста причина за смртност кај жените, пришто жените кои имаат мутација во BRCA1/BRCA2 гените имаат зголемен ризик. Токму тоа беше повод Иуте и оваа година да организира прегледи на дојка за сите жени вработени, со цел не само да покажеме одговорност кон нашите вработени, туку да пренесеме силна порака и да ги поддржиме сите оние кои ја водат оваа битка.

“Како компанија, секогаш сме посветени на акивности насочени кон грижа на благосостојбата на вработените, затоа што грижата за женското здравје не е само да се биде свесен, туку да се превземе конкретен чекор, одговорност, и за себе и за нашите најблиски. Само раната детекција и навремените прегледи можат да спасат животи. Често велиме дека одговорноста не припаѓа само на женската популација, туку на секој од нас, затоа што сечија порака, иницијатива, глас и заложба може да направи многу во големата слика. ” вели Златка Петреска, менаџер за човечки ресурси во Иуте.

Исто така упатуваме голема благодарност до ординацијата за рентген дијагностика Др.Толовски и Др.Блажен Толовски, со кој организиравме неколкучасовна работилница во нашите простории за дополнителна едукација на нашите вработени, покрај прегледите во ординацијата.

Нашата порака до сите останати е да бидете одговорни кон вас самите, но и кон другите околу вас. Вашата мајка, сестра, тетка, вашата пријателка, колешка….продолжете да ја ширите пораката, бидете дел од промените.

Одвојте време за преглед, не чекајте, не одложувајте, редовните прегледи се најдобра заштита. Само една минута сапопреглед и редовни контроли можат да спасат живот.

Животот е убав, живејте го со полни гради, безгрижно и спокојно.

 

 

Последни вести Сите новости

Иуте Македонија носи европски здравствен стандард – за првпат во земјава се воведува второ медицинско мислење

Услугата за второ медицинско мислење, која со години претставува стандардна пракса во европските земји, отсега станува достапна и за сите наши граѓани како дополнителен бенефит во рамки на осигурувањето „Ризико Плус“ за кредитокорисниците на Иуте Македонија. Истата се нуди во партнерство со Друштвото за животно осигурување СИГАЛ Лајф АД Скопје и претставува надградба на основниотпрочитај повеќе
Новости
второ медицинско мислење

Во сите бои. Со една цел. Заедно.

Во сите бои. Со една цел. Заедно. Изминатиов период го означивме со учество на две инспиративни трки, кои за нас не беа само километри – туку движење за промена, за надминување на сопствените граници и поставување на нови цели. 🩵Од Зегин „Трка на херои во сите бои 2026“, на којашто трчавме за хуманост и поддршкапрочитај повеќе
Настани
зегин трка

Македонска компанија во срцето на нов дигитален банкарски модел

Македонска компанија во срцето на нов дигитален банкарски модел   Иуте Македонија – дел од естонската групација Иуте, станува дел од нова европска приказна и целосно дигитална банка на нов, стратешки пазар, откако IuteBank официјално го заврши транзицискиот период и започнува со работа како редовна банка на украинскиот пазар. Транзицијата следи по добиениот државен тендерпрочитај повеќе
Разно
iute macedonia